Свештеник си дал отказ откако неговата црква објавила дека сите крштевки што ги направил не се валидни затоа што сменил еден збор од обредот на една опд светите тајни.
Викал „Те крштеваме…“ наместо „Те крштевам“.
„Со искрена пасторална загриженост ги информирам верниците дека крштевките изведени од пречесниот Андрес Аранго од црквата во Феникс не се валидни,“ напиша во писмо бискупот Томас Џ. Олмстед. „Оваа одлука е направена после внимателна проверка од страна на црковните официјални лица и по консултација со Конгрегацијата за Доктрината на Верата во Рим.“
Аранго бил свештеник повеќе од две децении. Изговарал:
„Те крштеваме во името на Отецот, Синот и Светиот дух,“ наместо „Те крштевам во името на Отецот, Синот и Светиот дух.“
„Проблемот на множината е дека не крштева заедницата, туку самиот Христос, и само Тој претседава над сакраментите, значи Исус Христос крштева,“ објаснува Олмстед.
За јавноста е непознато колку крштевки направил Аранго. Работел и во Сан Диего и во Бразил.
Станува побизарно. Аранго во писмо до парохијата пишува:
„Жал ми е што сум изведувал невалидни крштевки за време на мојата работа како свештеник, со тоа што редовно сум користел неточна формулација. Многу ми е жал за грешката и за тоа како ова влијаело на толку многу луѓе во вашата парохија и насекаде.“
Отказот му почна од 1. февруари, за да „ја посвети енергијата на поправање на сето ова и на залечување на тие кои се афектирани.“
Се извинува и бара прошка, разбирање и молитви.
Тие што ги крштевале децата кај Аранго, можат да пополнат формулар и да се пријават за „асално“ крштевање, а треба да се оправат и браковите склучени меѓу луѓе крстени од Аранго.