Бенедикт, сега веќе 93-годишен, кој е прв папа по повеќе од 600 години што дал оставка, бидејќи не го држеше здравјето, сака да ги потсети сите верници дека постои само еден папа а тоа е Франциско.
Сомнежот на луѓето за кои зборува Бенедикт, главно незадоволни од полибералните политики на Франциско, е дека тој нема доброволно заминато од позицијата, иако тоа повеќе пати го има повторено во изминатите осум години.
Папата во пензија објаснува дека оние што одбиваат да ја прифатат неговата оставка создавале „заговорнички теории“ дека тој бил присилен да напушти заради скандалите кои се појавија за него во тоа време.
„Некои од моите пофанатични пријатели се уште се вознемирени, и го немаат признаено мојот избор.
Тие не сакаат да веруваат дека тоа е мој свесен избор. Мојата свет е чиста,“ изјавил Бенедикт за Кориере дела Сера.
На сите овие кои се уште се „крстат“ во него, тој (според новинарот, со удирање по столицата) им порачува „има само еден папа“.