Преку официјалното гласило на КПК, еден од замениците премиери им порача на своите сограѓани кои патуваат во странство да се однесуваат пристојно бидејќи и тие го градат имиџот на земјата.
Да бидат учитиви, да не викаат гласно и да не плукаат по улица, се конкретните упатства кои кинеските туристи ги добија од власта во земјата преку весникот "Народен дневник".
Како и во други работи, кога се бројки во прашање, Кинезите се најсилни и во оваа област и се најзначајната туристичка групација во светот.
Лани потрошиле 102 милијарди долари на своите патувања во странство.
Регистрирани биле 83 милиони туристички излегувања од земјата, далеку повеќе од пред 10-тина години кога таа бројка изнесувала 10 милиони.
"Подобрување на цивилизираното однесување и градењето на имиџот на кинескиот турист е обврска на власта на сите нивоа и на соодветните компании и агенции," порача заменик премиерот.
Добар дел од кинеските туристи преку интернет се жалат дека во странство се третирани како туристи од втор ред. Публицитет доби случајот со еден хотел во Малдиви кој реши од собите да ги острани уредите за вриење вода откако сопственикот приметил дека Кинезите ги користат за да варат јуфки наместо да се хранат во неговиот ресторан.