Таг: кина

На Кина и стана за 80 милијарди долари подобро

Како до сега да не и одеше добро, па Кина преку ноќ стана домот на пештера преполна со злато со потенцијална вредност од над 83 милијарди долари, што е можно да е најголемото наоѓалиште на скапоцениот метал во светот.

Кина агресивно во лов на западни пилоти

Кинеската војска се има дадено на регрутирање што е можно повеќе поранешни западни воени пилоти кои треба да послужат за обука на кинеската авијација, се жалат поранешните шефови на истите овие пилоти.

Весела географија

Најзападната точка во Кина е поблиску до Германија отколку до најисточната точка во Кина.

Како Америка од невнимателност создаде Оска на избегнување санкции

Од сето она што западните санкции и контрола на извоз требаа да постигнат во потчинување на непријателите на САД за сега само доведе до формирање на паралелна сива економија предводена од Кина, пишува Вол стрит журнал.

Овие ако ја спукаат нема да има кај да бегаме

Едно од крвните ривалства на планетава кое за цело чудо со децении нема еруптирано е меѓу Кина и Индија. За ова помага и еден договор меѓу двете држави од 1996 кој забранува користење оружје од граничарите од двете страни на границата.

Пред првомајските празници во Кина

Железничката станица во Хангџоу пред првиот ден од првомајските празници во Кина. Се очекува дека за празникот железничката мрежа на земјата ќе ја искористат 144 милиони жители. Кина годишно има вкупно 11 неработни денови заради државни празници.

Луѓе ќе речат наместен е маратонот

На полумаратонот во Пекинг „победи“ кинескиот маратонец Хе Цзе, а „позади“ него беа тројца африкански маратонци. Победата вака излгедаше.

Науру стана другар на Кина

Државата со некои си 12.000 жители неодамна одлучи да ги прекине дипломатските односи со Тајван. По тој повод претседателот на земјата беше поканет во Пекинг каде му беше направен пречек што го немаат видено 99% од светските лидери што ја посетиле Кина, а бе сакаш гарда, сакаш топови, сакаш поворка, сакаш сите министри. Сè. Комплет.

Дали дојава од Путин го смени кинескиот министер за надворешни работи?

Откако цел месец го немаше никаде во јавност, кинеската влада кон крајот на јули објави дека го сменила министерот за надворешни работи Чин Ганг. Ова најверојатно се случило по информација што Москва му ја праќа на Пекинг.

Кина ќе даде смртна казна за мито од 420 милиони долари?

Поранешен прв човек на економска зона во северна Кина и директор на „водното“ е обвинет и прогласен виновен за проневера и земање мито во вкупна вредност од 420 милиони долари (3 милијарди јуани), што е една од најголемите суми во историјата на земјата.

Инфлуенсерката што за 7 дена направи продажба од 13,7 милиони долари

Користејќи ја опцијата за директен пренос на Доујин (кинескиот Тикток) корисничката Женг Шијангшијанг успева да продаде 10 милиони примероци од најразлични производи што ги промовира на своите преноси во вредност од над 13,7 милиони долари. И сето тоа изгледа многу поневеројатно отколку што звучи.

Кина почна истрага против Фокскон, производителот на Ајфон

Основа за истрагата се даночни пропусти и користење на ресурси од страна на Фокскон, а кинеската даночна служба веќе влегла во погоните на компанијата во Гуандонг и Џиангсу, додека инспекторите за приодни ресурси упаднале на локациите во Хенан и Хубеи.

Кина почнала да се меша во глобални медиуми и тоа не и се допаѓа на Америка

Кина ги манипулира глобалните медиуми преку цензурирање, собирање податоци и тајно купување на странски медиуми, предупредуваат САД, глобалниот столб на немешање во странски медиуми.

Кина и Индија се тужакаат кој подобро паркирал на Месечината

Индискиот Чандрајан-3 минатиот месец стана прво летало кое слетало во близина на крајно посакуваниот Јужен пол на Месечината и со тоа да го сруши кинескиот рекорд за најјужно слетување. Кинезите сега тврдат дека Индијците лажат.

Дали Кина си обезбеди „вечна“ струја?

За разлика од традиционалните нуклеарни централи кои работат на ураниум, Кина почна да работи на нуклеарни централи кои работат на ториум. Ако нешто ви врши работа, еден тон ториум создава иста количина на струја колку и 3,5 милиони тони јаглен, а Кина ги има најголемите залихи на ториум во светот.

Нешто го снема министерот за надворешни работи на Кина

Еден од највисоките функционери во кинеската влада, Чин Ганг, исчезна од јавноста по гласините дека ТВ водителка од Хонгконг му била љубовница.

Кина има над 200 пати поголеми капацитети за бродоградба од САД

Разликата во капацитетите на двете држави не е нешто со што се фали Кина, туку нешто на што алармира една презентација на американската Канцеларија за морнаричко разузнавање, чија автентичност е потврдена и од американската морнарица.

Ако нема чипови за Кина, нема ни суровини за чипови за Америка

Кина воведе ограничување на извозот на металите што се користат во производството на микрочипови конкретно на металите галиум и германиум, и тоа е за сега. Ќе има и други.

Арапската лига не најде никаков геноцид на Ујгурите во Кина

На крајот од мај функционери од Арапската лига беа во посета на Кина и на доминантно муслиманскиот регион Синѓанг и тамошното ујгурско население. На одење дома, нивниот заклучок бил – Кина е закон.

Берлин побара од Кина да им ги остави на раат пензионираните воени пилоти

Кинеската влада масовно ги користи германските воени пилоти излезени од служба за обука на својата воена авијација, и ова не е по мерак на владата што ја платила целата нивна обука и образование.

Зошто Кина не сака јуанот да го замени доларот како резервна валута

Како никогаш до сега де-доларизацијата доби на сила на глобално ниво, а главен ќар од овој процес за сега има кинескиот јуан, меѓутоа процените се дека Кинезите и не се нешто посебно желни да го заменат доларот на светско ниво.

Може ли светот да направи батерија за електричен автомобил без Кина?

Моментално не само што Кина има неспоредлива предност во копање на ретки метали неопходни за производство на батериите, туку таа е толку напред во обука на инженери и изградба на фабрики за производство на овие батерии што на остатокот од светот ќе му требаат децении за да ја стигне.