Информацијата ја објавуваат кинеските државни медиуми, според кои компанијата, со потекло од Тајван, порачала дека целосно ќе соработува во истрагата.
Глобал тајмс цитира експерт, кој порачува дека „компаниите со тајвански капитал, вклучително и Фокскон... треба да ги прифатат соодветните општествени одговорности и да играат позитивна улога во промовирањето на мирен развој на односите меѓу двете страни на теснецот.“
Основачот на Фокскон, Тери Гу, се кандидираше како независен кандидат на јануарските претседателски избори во Тајван, кои ќе бидат клучни за односите со Кина и новоразжарените тензии околу Тајванскиот теснец.
Гу го предаде менаџирањето на Фокскон на својот наследник пред 4 години, а во септември годинава се откажа до своето место на бордот на компанијата откако ја најави кандидатурата. Тој и понатаму задржува 12,5% во компанијата.
Моментално Гоу има најнизок рејтинг од сите четири претседателски кандидати со поддршка од околу 7% од гласачите.
Минатата недела, првиот човек на Епл, Тим Кук, беше во Кина на состанок со првите луѓе на Ши Џинпинг, откако во земјата драстично се влоши расположението кон производите на Епл, а владата отворено ги поттикнува своите работени да престанат да користат Ајфон и други уреди на Епл.