Ли Џаинпинг е само еден од речиси 5 милиони членови на ККП кои биле дел од истрага по 18-от Партиски конгрес одржан во 2012. Од овие 5 милиони, за 723.000 е утврдено дека ги прекршиле правилата за работа на партијата, а 644.000 добиле некаква партиска казна.
Според бројките од кинеската Централна комисија за инспекција на дисциплината, само во првите три квартали од годинава се изречени 405.000 од овие казни.
Доколку казната за Ли биде потврдена и на апелација, тоа ќе биде трета смртна пресуда што Кина ја има изречено за корупција од 2007. Од претходните двајца еден беше егзекутиран за сума од 1,79 милијарди јуани, а на вториот му беше одложена смртната казна откако беше прогласен за виновен за земање мито во износ од 1,04 милијарди долари.
Ли зема околу 600 милиони јуани мито за доделување градежни и бизнис договори во развојната зона во Хохот што е под негова управа. Дополнителни 1,44 милијарди му се од фалсификување договори за имот и недвижнини, и 1,1 милијарда има од проневера на државни пари.
Кинеските медиуми пишуваат дека најголемиот дел од парите се потрошени на коцкање, купување луксузни производи или раскошен живот во странство.