Поранешен прв човек на економска зона во северна Кина и директор на „водното“ е обвинет и прогласен виновен за проневера и земање мито во вкупна вредност од 420 милиони долари (3 милијарди јуани), што е една од најголемите суми во историјата на земјата.
Поранешен началник на руската агенција против корупција е прогласен за рекордер по примање мито во Русија, што, имајќи ја предвид Русија, треба да значи нешто.
Проблемите во Барса продолжуваат. Утрото на 1. март во канцелариите на клубот на „Камп Ноу“ дошла полиција, а целото здание било опколено поради претрес.
Анализа на фотографии од министри од 15 пост-Советски држави открива дека колку е поголемо БМИ-то (дебелината) на политичарите толку е поголема и корупција во земјата.
Бугарката Викторија Маринова чие тело беше најдено во парк во Русе е трет новинар од земја членка на ЕУ кој последниве 12 месеци е убиен додека истражувал корупција во ЕУ и проневера на ЕУ фондови.
На само една недела до стартот на Мундијалот во Русија, африканскиот фудбал го стресе огромен корупциски скандал. Документарецот открива над 150 подмитувања на преку 100 судии и официјални лица. Еден се повлекол од Светското во Русија.
Падот на шпанскиот премиер и новата коалициона италијанска влада соствена од популисти од двата краја на политичкото миље ја зголемува загриженоста за нова нестабилност на Европа. „Еден фактор е во двата случаи: корупцијата“, пишува Аксиос.
Пред да ги минат изминатите 18 месеци трубејќи дека финансискиот конфликт на интереси на американскиот претседател не е нормален за една демократија, Демократите со години ги уверуваа истите луѓе дека е нормално политичари да имаат финансиски конфликт на интереси.
Во ноември минатата година саудискиот престолонаследник на препад поапси дузина членови на кралското семејство, министри и бизнис инвеститори кои ги обвини за корупција. Ги држеше во ексклузивен хотел во Ријад сè додека дружината не се согласи да врати преку 100 милијарди долари на државата. Њуојорк Тајмс сега пишува дека изгледа не баш сите излегле живи од тој хотел.
Идејата дека чесни политичари ќе дојдат на власт и ќе ја решат корупцијата е толку стара што е бајата. Таквите политики често завршуваат како фатете-го-лоповот пресметки со политичките противници. Во Бразил група ентузијасти состави софтвер кој ги мониторира трошоците на членови на нивниот парламент (патни трошоци, репрезентација и сл) и автоматски ја пресметува веројатноста дека лажат.
Поранешен руски министер за економија, обвинет за изудување поткуп, на судот рече дека се работело за обично недоразбирање што тоа има во заклучената торба која ја примил како подарок.
Навредите меѓу омразените ривали Порто и Бенфика се толку приземјени што едните со докази ги обвинија другите дека поткупувале судии и дека користеле услуги на бајач/гатач за да освојат титула.
Една од ретките работи околу кои се согласуваат Путин и остатокот од меѓународната заедница е дека Русија има проблем со системска корупција. Во 2012, пред избори тој вети крупни државни реформи против корупцијата. На година и пол пред следните претседателски избори, Путин почна со ловот на „крупен дивеч“.
Да заработуваш 3 милиони фунти годишно (да, за 12 месеци) плус бонуси и да си алчен за дополнителни 400.000 фунти мито и корупција значи дека веќе никогаш нема да имаш прилика да бидеш тренер на голем клуб.
Очајни времиња за спортот на Кипар каде проценките одат и до 67% сомнителни, наместени исходи на натпреварите. Претставени се нови правила, но дали ќе се решат проблемите?
Се вика Род Благојевиќ, по потекло е од Србија и е поранешен гувернер на Илиноис. Сега има баталено политика и ја свири Jailhouse Rock, од она место од кое таа песна звучи најуверливо. Судот му дозволи да вежба 14 години.
За време на четирите години како претседател на Украина, Виктор Јанукович исплатил мито од околу 2 милијарди долари, или 1,4 милион долари дневно, покажуваат доказите од истрагата.
ФИФА поднесе соопштение со документи до властите во САД во обид да вратат десетици милиони долари кои се незаконски присвоени од страна на еден куп поранеѓни членови на оваа организација и обвинува дека наместо за развој на фудбалот, тие ги трошеле за раскошен живот.
Десетици илјади граѓани на Малезија лани во август излегоа на улиците на Куала Лумпур барајќи одговор на прашањето како било можно близу 700 милиони долари од еден инвестициски фонд да завршат на личните сметки на нивниот претседател. Неколку месеца подоцна стигна одговорот кој допрва отвори нови прашања
Етичкиот комитет на ФИФА му даде доживотна забрана за работење во фудбалот на 72 годишниот бизнисмен и политичар од Тринидад и Тобаго, кој во САД е обвинет за рекет и перење пари.