На анонимниот дојавувач му станало сомнително што неколку дена по ред "парталава жена во валкани алишта, но негувана кожа која не одговара со она во што е облечена" носела и изнесувала торби од станот што инаку се наоѓа во еден од полуксузните делови од градот.
Во средата антикорупциска единица упаѓа во 4-собниот стан и открива три огноотпорни шкафчиња сместени во шифоњер. Сите три биле комплетно наполнети со пари. Пари, во помала количина, биле најдени и во другите соби од станот.
Пред упадот тие разговараат со чуварите на зградата, од кои дознаваат дека во станот никој не живее, меѓутоа повремено во него доаѓаат луѓе.
Според новиот нигериски закон за свиркачи, луѓето кои ќе пријават информација што ќе доведе до откривање на украдени јавни пари добиваат меѓу 2,5 и 5 проценти од вкупната запленета сума.
Во февруари, министерот за информации на Нигерија објави дека новата политика довела до запленување на 180 милиони долари, од кој најголемиот дел, 136 милиони, беа најдени на банкарска сметка на која парите се чувани под лажно име.