Јанукович, кој беше соборен во 2014-та, водел детална евиденција за сите пари што ги плаќал додека бил на власт. Тефтерот содржи имиња на повеќе украински функционери, посебно на членови на изборни комисии, кои биле богато наградени за гарантирање на победата на партијата на Јанукович за време на парламентарните избори во 2012.
"Знаеме дека се автентични заради деталите во нив, и затоа што толку многу мали детали содејствуваат со настаните и активностите што се случуваа за време на владеење на Јанукович," изјави поранешниот новинар, а сега пратеник, Сергеј Лешченко, кој го објави дневникот.
Сумата исплатена за мито се движела од неколку милиони долари до часовник вреден 67.000 долари, во зависност од услугата и човекот.
Од владиното анти-корупциско биро потврдуваат дека материјалот им бил испорачан.
Две години по падот на Јанукович, не е поднесена ниту една тужба против него или против некој негов соработник.