Морското оревче било Ајфон за седумнаесетиот век. Привилегија да го имаат поседувале само многу богатите, им било егзотично а веројатно знаеле и за неговите халуциногени својства.
Морското оревче навистина содржи хемиски супстанци кои прават да се чувствувате подобро, вели еден историчар на исхраната а старите колонизатори верувале дека помага да се стоплиме и штити од настинки.
Поголемиот дел од тој век, глобалната битка се води меѓу Холандија и Британија. Главно за територии и за контрола на трговијата со зачини.
Во 1667-ма година, решаваат да седнат на преговори и да ја окончаат истоштувачката војна. Секоја од страните има свои фаворити. Британците инсистираат на Менхетен а Холанѓаните фрлаат око на островите Банда во Индонезија, богати со морско оревче а во раце на Британци. Така паѓа трампата.
Во следното аудио парче можете да слушнете како Холанѓаните ги имаат мачено и убивано луѓето од овие острови за да доминираат во поседувањето на овој зачин.