Во кавга со жена му во која по дома летаат чинии и чаши, на Цане во еден момент му прекипува и ѝ викнува:
- Марш надвор од мојата куќа!
Жена му го потсетува дека тоа е нејзина куќа, на што Цане вика:
- Марш надвор од твојата куќа!
******
На концерт во Бар, гледа дека во првите редови скокаат главно мажи кои наполниле 40, им дофрла:
- Момци, мислам дека е време да се ожените.
******
На концерт на отворено во Заечар, почнале да го маваат со камчиња:
- Што е Власи, камено доба, а?
******
На друг концерт на отворено, почнало накај бина да лета зеленчук и овојше:
- Што е сељаци, родило, а?
******
Концертот во Ваљево го отвора со поздравот: „Добро вечер, Краљево!“.
Масата почнува да скандира “Ваљево, Ваљево“, на што Цане реплицира:
- Краљево, Ваљево, исти курац.
*******
На свирка во Заечар, Бане од бина извикува: „Добро вечер, Зрењанин!“
Масата го потсетува дека е во Заечар а не во Зрењанин.
Цане на им попушта: „Ваљда знам јас кај сум дошол“.
*******
За време на концерт на Партибрејкерси, некоја девојка пробува да се качи на бина.
Цане: „Дебела, што се палиш, не ти е ова Ван Гог“.
******
Му доаѓа Здраво Чолиќ и му вика:„Еј, Цане, мене ми се свиѓа тоа што го правите, треба некогаш да направиме нешто заедно“.
Цане: „Човек, на што роба си ти?“
*******
На Бане од „Џукели“ му пишува посвета:
„Бане,
Цане“.
*******
Слаба посета на концерт, Цане ја поздравува публиката:
- Добро вечер, шака јадо.
********
- Што не кажавте дека само оваа ја знаете (Крени према мени), прва ќе ви ја свиревме.
********
Го спопаѓа некоја девојка и му бара телефон:
Цане: „Пиши: 6 5 4 3 2 1....“
Се врти и си оди.
********
- Дебела, симнуј се од бина, да не чекаш дигалка?
*******
Цане на шанк нарачува пиво. Девојката му точи и му вика:
- 90 денари.
Цане ѝ дава 70 и ѝ вика дека толку има.
- Ама пивото е 90.
- Добро, отпиј малку.
*******
Во една општествена акција се тргнувало од еден манастир. Цане му вика на игуменот:
- Оче, благословуј па да палиме.
*******
Со бендот проаѓаат покрај некои гробишта и му вика на гитаристот:
- Антон, да не сакаш да свратиш до кај своите?
******
Пее на концерт, вниманието му оди накај фоторепортерот во првите редови и вика:
- Ќелавиот слика пичици, а ние овде гинеме!
*******
Им приоѓа на група девојки и ги прашува:
- Гробишта, колку има саат?
*******
На концерт во Загреб, некој му довикнува: „Цане, пуши курац!“
Цане: „Опа, имаме Срби во публика!“
*******
На концерт на отворено, почнува да врне а тие незаштитени. Му вика на Антон:
- Антоне, опали едно струјно коло!
********
Свирка во дискотека во Ерусалим, дим-машината почнува да работи а Цане вика:
- Што е, Евреи, фрка, а?
*******
Пробува да се симне од автобус ама патот му го затворила некоја баба:
- Ајде, баба, онака, миц по миц...
*******
Новинар му се јавува да го праша што мисли за тоа што политичарот Млаѓан Динкиќ (кој се занимава и со компонирање) одбра негов стих за слоган:
- Фуј, вика Цане и спушта.
*******
Договара концерт во Загреб и го прашува организаторот:
- А каде ќе спиеме, во Јасеновац?
********
Фан му довикнува:
- Цане, ти си ми идол!
Цане му одговара:
- Убиј се јадниче, ако сум ти јас идол.