Документарниот филм на БиБиСи е направен врз база на двегодишна истрага која ја врши храбар новинар од Гана, по име Анас Аремија Анас. Тој заедно со своите соработници им нуди пари на судии, а тие радо ги прифаќаат без се разбира да знаат дека Анас тајно ги снима.
Видеото почнува со снимка од тоа како еден човек во црно става туциња пари во торба, по што се испоставува дека се работи за претседателот на Фудбалската федерација на Гана, Куеси Нјантачи, кој важи за еден од највлијателните луѓе во африканскиот фудбал.
Тој става во торба подарок од 65.000 долари во кеш мислејќи дека разговара со луѓе за спонзорски договор. Случајот има уште поголема тежина, бидејќи Нјатачи е дел од советот на ФИФА, од каде за БиБиСи изјавиле дека го испитуваат случајот.
На истата финта наседнал и еден од најпознатите судии во Африка, Ранге Варда од Кенија кој во хотелска соба прима мито од 600 долари. Тој требал да биде ангажиран како лински судија на Светското во Русија, но нема да биде дел од тимот.
За некои адвокати неприфатлив е начинот на кој новинарот од Гана ја направил целата истрага, но тој одговара дека никој не е присилен да ги прифати подароците.
„Кога ќе излезе оваа приказна, ќе има големи проблеми“, изјави Анас во документарецот, маскиран на лицето.
Во големиот корупциски скандал се опфатени судии од домашни и меѓународни натпревари, како првенството во Гана, Лига на шампиони, како и Куп на Нации 2017 во Западна Африка каде учествуваа 16 селекции.
Бујрум да видите како се фатени на дело.
The wait is over: @anasglobal's two-year long undercover investigation into football in Africa has revealed shocking footage of over 100 referees and officials taking cash before matches. #BBCAfricaEye brings you this exclusive story about his highly controversial investigation. pic.twitter.com/Wf8vrg4v8g
— BBC News Africa (@BBCAfrica) June 7, 2018