Иако е во суштина скандал, учесниците во него се држат прилично цивилизирано. Од една страна радио водител кој без ронка милост среде интервју покажува дека клучен термин врз кој се потпира нова книга е погрешен. И од другата страна славна авторка на истата таа книга, која иако е фатена на препад сепак достоинствено го прифаќа фактот дека, ете, згрешила. И така можело.