Марк Тезие-Лавињ е невробиолог, поранешен раководител на компанијата Генетек и актуелен претседател на престижниот универзитет Стенфорд. Тој деновиве е во фокусот на интересирањето поради обвинувања презентирани во студентскиот весник „Станфорд дејли“, според кои во три негови статии (во Science од 2001, Nature од 2003 и статија од 2008 во списанието на Европската молекуларно-биолошка организација) се вклучени слики кои укажуваат или на ненамерни грешки или на знаци на манипулирање на истражувачките резултати.
Тезие-Лавињ е познат по својата работа на тн. „аксон“ молекули, протеини кои се одговорни за растот на клучни нервни влакна при развојот на ’рбетниот столб. Во спомнатите статии тој користел аналитичка техника позната како „Вестерн блот“, за детектирање на специфичните протеини, што е вообичаена постапка, но проблемот е што едни те исти „блотови“ се повторуваат во повеќе од една илустрација, или пак, во други случаи, изгледаат како да се менувани.
Претставници на универзитетот најпрвин велеа дека било какви потенцијални грешки или не го вклучувале Тезие-Лавињ или не влијаеле врз конечните резултати презентирани во статиите. Но потоа тие се согласија да спроведат внатрешна истрага, со поддршка на самиот претседател, кој за најмалку една статија (онаа во Science) самиот испратил корекции до списанието во 2015, кои тоа „поради грешка“ не ги објавило. Најнова информација е дека и независен панел научници, кој се состои од еден добитник на Нобелова награда и двајца поранешни раководители на универзитетите Харвард и Принстон, ќе го истражува случајот.
Тезие-Лавињ е автор или ко-автор на повеќе од 200 научни статии, а во своето писмо со кое во декември се обрати до колегите тој се обидува да го објасни и контекстот во кој се одвива научното истражување во овие области - големите тимови и бројните лаборатории во кои работата се одвива паралелно, како и модерните алатки за дигитална анализа кои понекогаш предизвикуваат проблеми со објавените слики кои се најчесто незначителни или се сведуваат на „разубавувања“, но во други случаи знаат да бидат и сериозни. Него го поддржаа и неколку колеги-професори од Стенфорд, кои напишаа писмо до студентскиот весник кој ја започна целата работа, студентите да не избрзуваат со заклучоци, особено со оглед на претходните научни резултати на колегата, кој „извршил револуција во нашето разбирање на тоа како функционира мозокот“.
Пред само неколку денови, исто од Стенфорд