Универзитетот Стенфорд, освен што неодамна мораше да го повлече скандалозниот список „забранети зборови“, се најде во небрано поради обвинувања за можно манипулирање на научни слики во неколку статии чиј ко-автор бил неговиот претседател. Најинтересниот момент е целата постапка ја покренало - студентското универзитетско списание.