Македонија, југоисточно од Босна и дел од поранешна Југославија е убаво место за посета, но Џерод Хас не сакал таму да живее, пишува весникот Journal World. Се вратил во САД по едногодишниот договор со тимот од Европа, а за искуството вели:
„Интересно беше. Најдобар начин за опис е 'црпење искуство'. Ја ценам можноста што бев таму, но не уживав“.
Статистиката вели дека на 15 меча во Македонија во просек постигнувал по 20 поени и имал 6 асистенции, а тоа што го истакнува е евтинијата. Се работи за сезоната 1997/1998.
„Како Американец добро те третираат. Ме сместија во убав хотел и ми дадоа убава соба. Но се работи за сиромашна нација. Можеш да купиш работи за пола цена од тоа што би го платил тука. Кола немав. Има различни правила за возење. Одев пеш или со такси кое чинеше од 25 до 50 центи.
Главниот проблем била кошарката.
„Бев демотивиран. Имав проблем со тренерот бидејќи не зборуваше англиски. Им се дереше на тие што имаа добар удар и ќе промашеа, а за оние кои не работеа напорно на тренинг немаше проблем.
Тоа што го истакнува како проблем во македонскиот спорт во 90-те, се случува и денеска со одредени македонски репрезентации и клубови. Вели вака:
„Еднаш патувавме 24 часа со автобус. Стигнавме, трениравме, игравме и потоа назад уште 24 часа. Тоа беше патување од 48 часа во помалку од три дена и потоа тренерот не праша зошто не игравме добро".
По кусата кариера во Македонија, Џерод Хас напишал книга за кошарка и водел 100 кошаркарски кампови во околу 40 градови. Го барале да игра и во Кина, но тој сакал да му се посвети на тренерскиот занает.
Во играчката кариера, Хас пред да игра во Македонија настапувал за Калифорнија и Канзас, а кога универзитетот на Калифорнија барале да го купат. во игра за потпис бил и Џејсон Кид.
Во целава приказна за овој американски кошаркар фали уште информацијата која не успеавме да на најдеме, а тоа е за кој македонски клуб настапувал.
Едит: Ни пишаа дека играл за Жито Вардар од Велес.