Илија Несторовски: „На 22 сакав да прекинам со фудбалот, првиот тренинг во Палермо го имав со Де Ѕерби“

„Македонскиот Џејми Варди“ како што го нарекуваат колегите во Моцарт Спорт, во големо и опширно интервју за најголемиот регионален спортски сајт раскажа многу за својот живот и кариера. Од најслабата лига во Европа стигна до Серија А.

Epa images
Epa images
Фото: Epa Images

Кога имал десет години, Илија Несторовски немал ништо освен патики, топка и желба да игра. Скромни му биле почетоците на кариерата. Можеби не можеле да бидат поскромни ако знаеме дека поникнал во Победа Прилеп и неквалитетна лига каква што е македонската која во европски рамки котира како едно од најслабите првенства на Стариот континент.

Во разговор за овој сајт 35-годишниот Несторовски кој во моментов игра во врвна форма за хрватски Славен Белупо и редовно дава голови, раскажува за својата кариера.

„Кога некој ќе ве спореди со Џејми Варди, тоа значи дека сте имале трнлив пат, но дека сте успеале во животот. Сите знаеме дека од никаде дојде во Премиер лига и направи сјајна кариера. Мојот пат беше сличен, се мачев по Чешка, по Македонија, по втора лига на Хрватска... Поради сето тоа што го поминав поинаку гледам на мојата кариера.

Постоеа некои соништа, морав да одам по заобиколен пат но на крајот стигнав таму каде што сакав. Горд сум на себе, видов се и сешто и стигнав до тоа да играм во Серија А“, почнува Нестогол.

Хрватска е земја каде доживеавте играчки цут, а сега пред крај на кариерата пак сте тука, во Славен и добро играте. Што е тоа што ви одговара во ХНЛ?

„Во Хрватска се чувствувам како да сум свој на свое, како тука да е некој мој. Буквално се ми одговора, начинот на живот, стилот, се игра напаѓачки, фудбалерите се технички потковани, нема премногу тактика.

Просторо за игра е поголем а кога е така тогаш и мене како напаѓач мии ми е полесно. Во Копривница сум веќе втора сезона и досега дадов 13 гола што е убава бројка“.

Пред играчкиот цут, минавте низ разни етапи, а прва беше Победа Прилеп. Во 2007-ма дебитиравте, клубот тогаш освои титула. Но според вас колку е тешко да се пробиете и да се направи кариера како вашата ако се тргне од мала неатрактивна средина?

„Многу, многу тешко. Посебно ако доаѓате од земја каква што е Македонија која не е членка на Европска унија. Кога одите во странство, морате да работите повеќе од останатите, да бидете подобар од останатите. За Победа Прилеп дебитирав на 16 години, на 17 години играв квалификации за Лига на шампиони а после тоа станав капитен на екипата.

Се е тоа убаво но дали знаете колку е тешко да испливате од мала средина, мала држава? Никој не обрнува внимание на вас. Денес тоа е многу полесно, но важно е само да се има добра статистика и поголема е шансата некој да се заинтересира за тебе ако ништо друго“.

Имавте 20 години кога првпат отидовте во странство. Во Чешка, Словачко. Почетокот не беше лош, но минутажата почна да се намалува. Што беше проблемот?

„Кога стигнав таму бев млад, првпат заминав од дома. На деби дадов гол против Славија Прага, па имав и асистенција и победивме 3:1. Но полека после две, три, четири, пет натпревари го изгубив местото. Едноставно Чесите во тоа време не ги сакаа странсктие играчи. Случајно или не бев единствен странец во екипата и сите ме гледаа поинаку.

Тоа влијаеше да не бидам веќе никогаш стартер, почнав да губам самодоверба, имав многу подеми и падови но никогаш немав поддршка. Се изгубив малку после тоа, видов дека не ми веруваат луѓето, а кога не ти веруваат, кога не си дома, не знаеш јазик, сам си во друга земја... Имав и добра плата, можеби малку поголема од некои домашни играчи па беа љубоморни поради тоа. Се мајтапеа со мене, знаете она: 'Мали од каде си дошол'? Морав само да молчам и да работам“.

Тогаш тргна најголемата криза во вашата кариера. Ниту епизодата во Викторија Жижков не беше за паметење. Но ни враќањето во Македонија не беше добар потег. Конкретно во Металург во еден момент сте биле суспендиран и сте гледале натпревари од трибини?

„После сè во Словачко, барав да одам на позајмица па ми се случи Викторија Жижков. Таму бев пола година и баш беше лошо. Атмосферата во екипата и во клубот беше лоша, финансиска криза имаше. За среќа кратко се задржав таму и си отидов ми беше доста. Решив да се вратам во Македонија а епизодата во Металург беше уште полоша.

Луѓето креваа две раце за да ме донесат, раскажуваа бајки, дека покрај мене ќе донесат уште десет играчи но брзо сфатив дека нема ништо од тоа.

Тоа беше само мамец да дојдам зошто во тој момент бев млад репрезентативец на Македонија. Тоа за суспензијата е вистина, но не бев само јас туку уште пет, шест играчи. Што е најлошо, се случи да изгубиме а нас петмина на трибините не кривеа за поразот. Такво нешто немам доживеано никогаш. Тоа беше лош период што ме наведе да размислувам дали вреди да се игра фудбал?

Ми доаѓаше да се откажам од се, во тој момент имав скоро 22 години. На крајот пресуди љубовта кон играта“.

Како изгледаа деновите после Металург? Дали ви се јави некој од Словачко, уште бевте нивен играч?

„Кој да ми се јави, бев препуштен сам на себе. Во тој момент со мене беше некој менаџер, Боже сачувај каков беше. Никој не водеше грижа за мене, никого не интересирав. Морав повторно да го најдам патот, знаев дека не сум лош, играв одлично во Победа. Дали сум јас крив во нешто? Сигурно. Можеби моето тогашно однесување доведе до тоа. Успеав нешто да научам, станав посилен и поспремен за тоа што ме чекаше подоцна“.

Како пројде време немавте клуб, дали размислувате да кренете раце од се?

„Често се јавував кај некои менаџер, пробував да најдам клуб и секогаш се завршуваше со она: „Океј, се слушаме деновиве, ќе зборуваме“. Секако никогаш не стигна повик. Не сакав да се предада, си викав: „Одам да се борам“. Во тој момент не ни помислував дека ќе направам каква било сериозна кариера“.

Во најлошите моменти од кариерата се случи повик од Интер Запрешиќ за проба?

„Како прво, не сакав воопшто да одам во Интер Запрешиќ, како второ проба не ме интересираше. Да одам сега на проба во Хрватска, ма нема шанса! Но 15 дена никој не се јави и после пак му ѕвонам на човекот од Интер кој ми нудеше проба и му викам: „Доаѓам“. Немав појма дека Интер е второлигаш. Доаѓам на прв тренинг и си викам: „Каде ли дојдов, што ми требаше ова“? После 20 минути тренинг еден од луѓето од клубот доаѓа и ми вика: „Дечко што правиш ти овде, оди горе кај претседателот да потпишеш договор“. И така тргна таа прекрасна приказна со Интер Запрешиќ“.

Се испостави дека сте направиле најдобро нешто за себе. Одигравте 96 натпревари и постигнавте 71 гол, бевте најдобар стрелец во хрватската прва лига. За три години се се смени, но од сегашен агол, дали ангажманот во Запрешиќ беше последна шанса да ја спасите кариерата?

„Мислам дека да. Во тој момент имав 23 години, играв ниски лиги, многумина сомневаат во тебе, последните четири години веќе ништо не си направил и Запрешиќ беше последна сламка за која можев да се фатам. Се испостави дека сум повлекол прав потег иако на почетокот се изгледаше катастрофално.

Од нкој кој дојде на проба станав најдобар стрелец на ХНЛ, а во втората лига за две сезони постигнав 46 гола! Сето тоа има плус драж кога знам дека прво морав да пројдам на проба. Знаете како се завршува тоа со пробите: Старото добро: 'Важи, важи, ќе те барам, ти го имам бројот'. Тука си помалку од една недела и шансите да пројдеш се мининални“.

Толку добро игравте што привлековте внимание на големите клубови и после се одите во Палермо. Дали бевте изненадени кога слушнавте дека клуб од Серија А прво се интересира за вас и трнугва по трансфер?

„Беше како да сонувам. Не можев да верувам што ми се случува. Дури и кога потпишав договор, бев во шок. Некој да ми кажеше дека тоа ќе го доживеам не би му верувал. Во главата ми беше само да се наметнам, воопшто не ме интересираше што пишуваа како сме најслаба екипа и што сите не гледаа во Серија Б. На крај завршив со двоцифрен број голови“.

На страна сè но тешко беше да се игра таа сезона. Од почеток се виде дека клубот тешко ќе го изнесе тоа, Палермо западна во големи финансиски проблеми, екипата беше многу послаба од претходно и на се тоа Маурицио Ѕампарини лудуваше со тренерски смени?

„Не се знае дали беше потешка сезоната или да се игра. Екипата беше слаба, но не изгледавме лошо. Имавме низа од осум натпревари на кои ќе поведеме а после тоа ќе прокоцкаме се зошто пробувавме да играме напаѓачки. Роберто Де Ѕерби беше тренер и тој се колне во офанзивен фудбал. Последната линија не беше добро и тука бевме сурово казнувани. Да игравме позатворено подруго ќе беше“.

Како изгледаше соработката со Ѕампарини, тој важи за еден од најексцентричните ликови во Италија и ја обележи историјаа на Палермо?

„Сите заслуги за тоа што Палермо стана одат кај него. Имав одличен однос со него, ме сакаше, ме ценеше. Ден-денес сум му благодарен на се зошто да не беше Ѕампраини можеби немаше ни да дојдам во Палермо, веројатни никогаш ниту во Серија А. Тој беше човек што го гледаше на снимка секој наш натпревар, никогаш во живо. Беше импулсивен, незоден кога ќе подвикне но на играчите никогаш не им креваше глас. Секогаш беше незгоден за директори и тренери. Само во таа сезона 2016/2017 смени пет тренери“.

За Де Зерби кој му бил тренер во првата сезона во Палермо.

„Се виде од прв ден дека е поинаков од сите останати тренери. Сака да игра од последна линија, загревања работевме со топка. Во секој момент знаеш што и како треба да правиш на терен. Немаше ништо италијанско во себе, потсеќаше на шпански начин на игра. Одличен период имав со него многу научив. Тој е помалку луд не е лесен за соработка, секој тренинг беше исцрпувачки, ни зборуваше се и сешто но кога ќе заврши се враќаше во нромала“.

Како би го опишале југот на Италија? Тоа е подрачје кое по страста кон фудбалот многумина го споредуваат со Латинска Америка?

„Палермо има некој балкански штих, така макар мене ми се чини, но што се однесува до фудбалот тоа не е љубов туку болест. Не може со зборови да се опише, треба да се дојде и да се види со свои очи. Не е тоа само Палермо или Наполи. Погледнете ги само клубовите од Серија Б и Серија Ц, колку навивачи имаат тие, стадионите им се полни на секој натпревар. Јужњаците го сакаат фудбалот на поинаков начин од другите“.

Пред почеток на последната сезона во Палермо се зборуваше и дека би можеле да промените средина а како нова дестинација се спомнуваше и Црвена звезда на позајмица?

„Целта ми беше да останам во Италија поради семејството, ни беше убаво, сакав да играм во Серија А и да не се враќам уште на нашите простори. Тоа беше единствена причина зошто не дојдов во Црвена звезда а имаше разговори. Ни одговараше животот во Италија, децата се навикнаа и генерално мислев дека можам уште многу да покажам во Серија А“.

Останавте во Италија. После три години на Сицилија отидовте во Удинезе но таму немавте партии како во Палермо, а имавте и тешка повреда, што беше друг проблем?

„Беше тоа прва година на ВАР технологија, ме следеше некоја несреќа, зошто четири гола ми поништија за милиметар. Наместо да имам седум гола на крајот од сезоната, имав само два. Некои работи не се поклопија, не беше лесно, имав конкуренција во двајца поранешни италијански репрезентативци - Кевин Лазања и Стефан Окака. Играв доста но не бев ефикасен како што бев во Палермо зошто имаа некој друг начин на игра што помалку ми одговараше. Но кога ќе дојдеш на тоа ниво кој те прашува дали ти годи нешто или не“.

Во Удинезе претседател ви беше Џампаоло Поцо. Како би го споредиле со Ѕампарини?

„Тие двајца се два различни света. Ѕампарини е ексцентрик и како што кажав импулсивен човек. Поцо имаше поинаков шмек. Секогаш беше смирен, нон-стоп беше во клупските простории, често имавме контакт со него, доаѓаше на тренинзи, состаноци, буквално ништо заедничко немаат“.

Последна станица во Италија ви беше Асколи. Поранешниот член на Серија А сега веќе некое време е во Серија Ц. Како изгледаше таму, се боревте за опстанок.

„Екипата беше скоцкана да се бориме за бараж, но на крај испадна се спротивно. После седум кола го сменија тренерот кој ме донесе. Атмосферата во клубот не беше добра, доста неспоразуми на релација навивачи-претседател. Имавме одлична екипа сигурно за горен дел на табела а на крај дојде до тоа директно да испаднеме не игравме ниту бараж за опстанок“.

После се што сте поминале, доживеавте и успех со репрезентацијата на Македонија. Станавте дел од екипата која за првпат отиде на Европско првенство, му асистиравте на Горан Пандев за голот против Грузија.

„Беше убаво да се биде дел од таа приказна и незаборавен успех. Една така мала земја да се избори за пласман на Европско првенство звучи неверојатно. Единствена жал ми останува на крајот што не отидов на завршниот турнир. Буквално месец дена пред почеток на Европското на тренинг скинав предни лигаменти. Седев на трибини и на клупа бев ммакар некаква поддршка“.

Иако го постигнавте сето тоа и дојдовте до 50. натпревари за репрезенација, крајот е некако неславен. Влеговте во судир со поранешниот селектор. Што беше проблемот?

„Не би го нарекол судир, едноставно на Благоја Милевски не му одговараат играчи со појак карактер. Одлучи веќе да не ме вика, велеше како не му се вклопувам во тактички замисли. Се е во ред, нема проблем, секој носи одлуки за кои мисли дека се исправни, но треба да кажеш како што е. Нема тоа врска ниту со технички ниту со тактички работи“, завршува Илија Несторовски, фудбалер на Славен Белупо од хрватска Копривница.

 

4 декември 2025 - 11:28