„Равенка за сè“ именувана по македонски автори

Равенка која е екстремно едноставна но овозможува пресметувања на параметри што сите електрохемичари ги бараа 50 и кусур години, со цел да го најдат баш тоа - една равенка за сè! Се работи за едно од најголемите достигнувања во македонската наука (а посебно во електрохемијата) во последните неколку десетлетија, прва равенка именувана по македонски автори а доаѓа од необични и неконвенционални идеи на две млади девојки.

Да почнам малку со една необична анегдота:

Имаше едно лево крило играше ракомет во ТутКом во златни времиња на Миле Нешко, Орде, Тастата, Ларата... Eдно ќељаво, брзо, пробивно крило, трчаше ко Болт во златни времиња, а кога ќе тргнеше во контра, светлината колабираше во сингуларитетен вртлог, а за чудо ќељавово крило (му го заборвив името и прекарот) никогаш не промашуваше контра. Кога го прашаа овие прилепскиве драпаџии Нешко и Орце - добро бе Кељо, зошто тебе голман никогаш контра ти нема фатено?  одговорот на левото крило беше - А бе како може да ми фати голман контра, кога шутирам и јас не знам каде шутирам, а не па голманот да знае кај ќе шутирам за таму да се фрли!!!

Ова како вовед во тоа што неодамна го дефинираа тројца научници од Македонија, Јанева Милкица, Павлинка Кокошкарова и Рубин Гулабоски од Факултет за медицински науки при Универзитет Гоце Делчев во Штип.

Имено, за прв пат за една од највлијателните електрохемиски техники (оригиналното име на техниката е square-wave voltammetry) дефинирана е равенка што ги обединува буквално сите параметри што влијаат врз интензитетот на струјата од т.н волтаметриски пикови. Според иницијалите на научниците, именуван е и параметар JKG дефиниран како:

Оваа равенка е екстремно едноставна кога е еволуирана на крај во ваква форма, но овозможува пресметувања на параметри што сите електрохемичари ги бараа 50 и кусур години, со цел да го најдат ова - а тоа е една равенка за се!

И да, има толку многу работа и симулации за теоретски да се дефинира оваа едноставна равенка, а на крај доаѓа да се дефинира слично како и Ајнштајновата равенка E=mc^2 или во превод, масата и енергијата се еквивалентни.

Е, за што беше воведот со ракометарот од ТутКом на почеток од овој мој допис - па и оваа нова равенка во електрохемијата оди разбери ја, ние што ја дефиниравме сè уште не сме ја разбрале (има илјадници аспекти скриени во неа), а како другите ќе ја разберат :-) 

Како и да е, ова е едно од најголемите достигнувања во македонската наука (а посебно во електрохемијата) во последните неколку десетлетија, прва равенка именувана по македонски автори, а дојде од необични и неконвенционални идеи на младите девојки. Односно, тие мислеа дека тоа што го прашуваат е „глупо и безвезално“, а во суштина од таквите „глупи“ идеи потоа се дефинира оваа равенка. Што би рекол Орде Подла Фаца - Во глупоста е решението за вистината!

Има добри и талентирани деца во Македонија, додека сè уште ги има....

Поздрав брате Трендо и со добро пиво да навиваме на Светско, од срце сме за Куракао и Босна.

* A Universal Parameter Governs Peak Currents of Kinetic Systems in Square‐Wave Voltammetry - Gulaboski - 2026 - Electroanalysis - Wiley Online Library

Рубин

12 јуни 2026 - 06:29