Како што тоа јасно е наведено во влезот на црквата, неименуван верски авторитет од оваа епархија кој имал допир и со Бога и со принтер, прво потврдил дека Господ им се обраќа на верниците на разни начини, што е сосема во склад со досегашните канони и верувања.
Но, новитетот што теолошката мисла од Челопек ѝ го подарува на целата верствујушча екумена е авторитетното тврдење дека Господ СИГУРНО нема да ни се јави на мобилен!
ФОТО ДОКАЗ:
За жал, немаме никакви дополнителни информации за ова сензационално откритие. Колку време тихување, молитви или нешто трето биле потребни за да се дојде до ова прво испринтано сознание во историјата на божјето царство со кое се лимитираат комуникациските канали кои Господ може да ги користи.
Прашања од збунетиот ум:
- ЗОШТО ПА ДА НЕ НИ СЕ ЈАВИ НА МОБИЛЕН?
- Дали причините за тоа се финансиски ил технолошки?
- Постои ли некомпатибилност меѓу божјиот збор и 3Г мрежата?
- Во која базна станица се населил Лукавиот?
- Дали Телеком операторите се свесни за хендикепот дека не можат да ни го понудат најдрагоцениот "Closed user group" пакет бидејќи со Главниот очигледно не сме на иста мрежа?
- Што тоа ние како божјо стадо сме му згрешиле на Севишниот знаејќи дека на Мојсеј му дозволи да ги запише неговите заповеди на тогаш доминантниот модел на таблет (камен) а ние денес не би можеле ни во римајндер да ги ставиме?
Толку за црквата.
Рековме дека до неа има и конак. А конакот исто така има свое оригинално решение. Не за мобилните верници, тие се средени. Туку за досадните.
ФОТО ДОКАЗ:
Ах, таа моја чудесна земја Македонија....