35-годишниот Буалем Хухи со прекрасен гол со глава му го донесе на Катар првиот бод на Светските првенства. Пред четири години тие на домашниот Мундијал ги изгубија сите натпревари.
Швајарците имаа дури 26 шута а толку немале на сите настапи на Светски првенства од 1966-та година. Но пак не успеаа да победат.
Во оваа група и двата натпревари завршија 1-1, па Швајцарија, Канада, БиХ и Катар имаат по 1 бод.
Во следното коло Швајцарија ќе игра против Босна и Херцеговина на 18-ти јуни во Лос Анџелес, а Канада ќе го пречека Катар следната вечер во Ванкувер.