1. Не ги задевај послабите. Тоа е неморално. Не им се спротивставувај на посилните без причина, глупо е.
2. Не ги мрази жените. Тоа е губење време.
3. Инвестирај во себеси. Материјалното доаѓа кај оние кои веќе се реализирале себеси.
5. Не примај понуден совет без критичка резерва. 90% од сите совети му носат корист на оној кој ги дава а не на оној кому се наменети. Всушност, бројката е веројатно поблиску до 97%, но, да не испаднеме цинични.
6. Ќе го поминеш животот слушајќи луѓе кои ти велат дека си им должник. На повеќето од нив не им должиш ништо.
7. Млад си, значи сам си. За разлика од жените кои имаат претставници да се грижат за нив (влади, непрофитни организации, политички групи), за тебе не се грижи никој.
8. Младите мажи имаат и гени и мускули кои му помагаат на општеството да се развива. Погледни ја Силиконската Долина. Револуцијата која ја живееме не ја создадоа старите мажи и жени. Општеството ги краде твоите придобивки, потоа ги заштитува со законите за интелектуална сопственост и на крај си ги зема заслугите за себе.
9. Само мал број луѓе искрено се интересираат за тебе. Твојата мајка. Веројатно и твојот татко (доколку е тука некаде). Браќата и сестрите се на твоја страна. Сите останати веројатно се грижат само за себеси.
10. Не плаши се да им кажеш на луѓето да "одебат" кога го заслужиле тоа. Тоа е многу важна вештина која треба да се стекне. Кажи си го своето, дури и кога гласот ти трепери.
11. Научи да го читаш говорот на телото и невербалната комуникација. Не се концентрирај само на твоите вокални и технички способности, во спротивно твојата жена ќе спие со некој друг.
12. Одржувај се во форма.
13. Не зборувај лошо за сопругата или девојката. Поддржи ја кога таа му се спротивставува на светот, дури и кога не е во право. Таа треба да знае дека ја штитиш. Кога ќе и биде потребна твојата помош, дај и ја. Треба да знае дека си на нејзина страна.
14. Дружи се со жени и имај пријателки меѓу нив.
15. Доколку твојата девојка не те прави среќен и не ти носи радост во животот, батали ја. Затоа служат девојките.
16. Не губи време на "емотивни врски". Тие им служат на жените да флертуваат и да имаат некој што ќе прави тие да се чувствуваат убаво. Ако некоја има емотивна врска со тебе, веројатно се ебе со друг.
17. Не биди интернет трол. Излези и живеј. Интернетот не е полн со згодни жени кои едвај чекаат да спијат со тебе. На згодните жени не им треба реклама а зад оние што ги гледаш на такви места најверојатно се кријат агенции кои сакаат нешто да ти продадат.
18. Доколку си хомосексуалец, признај си го тоа пред себе, родителите, пријателите и сите останати. Биди подготвен да те малтретираат. И види го правилото број 10.
19. Доколку не си хомосексуалец, немој физички и ментално да ги малтретираш таквите луѓе. Не ги осудувај за она што тие го чувствуваат. Не е твоја работа да го направиш светот униформен.
20. Не биди позер. Не биди еден од оние кои се чепатат со своите мобилни а немаат ебен кредит на него.
21. Запомни, 97% од сите совети се бескорисни.