Селта Виго со шмекерски голови го совлада Реал Мадрид
Фудбалерите на Реал Мадрид претрпеа прв пораз на својот „Сантијаго Бернабеу“ сезонава откако Селта Виго во 15. коло од Ла Лига ги совлада „кралевите“ со 0-2 и им одржа права мала фудбалска лекција. Ова е прв триумф на Селта на култниот стадион после повеќе од 19 години! Селта славеше со головите на 21-годишниот Вилот Сведберг во 53' минута кој постигна спектакуларен погодок а истиот играч погоди и во судиското надополнување. Од 65-та минута домаќините играа со играч помалку откако беше исклучен Фран Гарсија а црвен во 90+3' минута доби и Алваро Карерас па Реал го заврши мечот со 9 играчи.