Прв на крајот од трката во Абу Даби беше Макс Ферстапен кој извозе фантастичен крај од сезоната и малку фалеше да направи неверојатен пресврт во трката за шампионскиот трофеј.
Ова е прва шампионска титула за Ландо Норис од Мекларен кој на крајот стана првак со само два бода предност во однос на Макс Ферстапен. Оскар Пијастри беше трет во Абу Даби со 13 бода помалку од својот тимски колега.
Ландо Норис стана воедно и 11-ти Британец кој станал светски шампион во Формула 1 а на Британија и донесе 21-ва титула во Ф1, а на Мекларен му донесе прво шампионско одличје уште од 2008-ма година.
Одличниот Норис сезонава имаше дури 7 триумфи, вкупно 18 подиуми со седум пол позиции.

Прекината е и апсолутната доминација на Макс Ферстапен кој на тронот царуваше од 2021-ва година од кога освои дури четири шампионски титули.
Славјето во АбУ Даби беше 71. во кариерата на Макс Ферстапен а победи со дури 12,5 секунди предност во однос на вториот Пијастри и 16,5 повеќе од Ландо Норис.
Четврти заврши Шарл Леклер од Ферари, петти Џорџ Расел од Мерцедес, шести Фернандо Алонсо од Астон Мартин, седми Естебан Окона и осми Луис Хамилтон во Ферари. Во топ 10 на трката во Абу Даби завршија уште и Оли Берман од Хас и возачот на Заубер Нико Хилкенберг.
Со ова се спушти завеса на сезоната во Абу Даби а во следната, во новата сезона болидите ќе бидат помали и полесни со цел трките да бидат уште повозбудливи.
Следната сезона почнува на 8-ми март 2026 со трката во Австралија.