Криење на изгубено око во битка и не бил баш естетски приоритет на гусарите бидејќи се воделе по други критериуми по кои страшниот изглед никому (од нив) не наштетил.
Причината за носење на превезот е многу порационална и се однесува на физиката на окото. Поради природата на својата работа, гусарите безброј пати дневно морале од сончевата палуба да влегуваат во темната утроба на бродот (струја, слабо) и превезот им служел да држат една зеница отворена за да може да се снајдат во црниот мрак. Влегува долу, го вади тоа капачето и тера работа. Излегува надвор, пак го враќа на око.
Чиста работа.
Пред да го оцените ова како чиста измислица, да знаете дека се повикуваме на извор на Wall Street Journal. Ха!
Но, не само на него. Истово правило ќе ви го каже било кој искусен друмски гусар низ балканксите патишта (нам ни е од долгогодишен шофер на камион). Бидејќи овој дел на светот не може баш да се пофали со брилијантно осветлени тунели, шоферски се препорачува кога ќе наидете на табла која најавува тунел, веднаш да затворите едно око (да и дадете фора на зеницата да реагира) кое ќе го отворите откако ќе упаднете во црниот тунел и така после полесно ќе се снајдете во него.
Што ве кошта?