1. Апсорбирај го она што е корисно. Отфрли го она што не е. Додади на тоа нешто што е специфично твое.
2. Не сум дошол на овој свет да ги задоволам твоите очекувања, а ти не си тука за да ги задоволиш моите.
3. Не се плашам од човекот кој еднаш извел 10,000 различни удари, туку од човек кој вежбал еден удар 10,000 пати.
4. Не заземај една форма, прилагоди ја и изгради своја, дозволи си да растеш. Биди како водата.
5. По ѓаволите со околностите - јас создавам можности.
6. Секогаш биди свој, изрази се себеси, имај верба во себе, не барај некоја успешна личност за да ја копираш.
7. Обиди се да го разбереш коренот на работите. Бескорисно е да се расправаш за тоа кој единствен лист, кој изглед на гранка или кое привлечно цвеќе ти се допаѓа - кога го разбираш коренот, ти го разбираш сето негово цветање.
8. Разбирањето не е доволно - мораме да го применуваме. Сакањето не е доволно - мораме да правиме.
9. Функцијата и обврската на квалитетното човечко суштество е искрен и чесен развој на сопствениот потенцијал.
10. Ако секогаш поставуваш ограничувања на сè што правиш, физички или какво и да е, тоа ќе се прошири на твојата работа и на твојот живот. Нема граници. Има само нивоа, а ти не смееш да останеш таму, мораш да ги надминуваш.
11. Секој ден прави барем по еден решителен чекор кон твојата цел.
12. Не е работата во дневното зголемување туку во дневното намалување. Скастри го она што не е неопходно.
За последново Брус имал и посебна, прилично ригидна математика - правилото на 80/20. Идентификувањето на 20% активности на кои си подготвен да се фокусираш ти помага да постигнеш најдобри резултати, и да ја заштедиш енергијата за работите кои ти се најважни.
Кои пријателства те прават среќен? Во кои активности уживаш? Удрете ја математиката, макар и од око, и кастрете тоа вишокот.