Збир на неофицијални правила по држави

Англија
- Секогаш стој во ред. Никогаш не се туркај. (Ако го прекршиш ова ќе добиеш сериозно намуртени погледи)
- Секогаш жали се за времето.

Холандија
- Ако пешачиш во лента за велосипеди, велосипедистите НЕМА да подзакочат или да скршнат за да не те удрат.

Тринидад и Тобаго
- Подобро да кажеш добро утро / добар ден / добро вечер кога влегуваш во јавен превоз.

Северна Ирска
- Немој во паб да збориш за религија и шкотски фудбалски клубови, освен ако не сакаш да се степаш.

Гвам
- Носењето храна дома од гости не е куртоазија на домаќинот, туку твоја обврска.

Индија
- Постојат линии на улиците и патиштата, ама никој не вози по нив.
- Научи дискретно да му дадеш 100 рупии на државен службеник. Малку пари се, а ќе прилично ќе ти ја забрзаат работата.
- Немој да критикуваш која било религија, дури ни конструктивно. Луѓето се навредуваат.
- Немој да јавно да обзнануваш некои свои силни ставови. Луѓето се навредуваат.
- Немој да правиш ништо невообичаено. Луѓето се навредуваат.
- Луѓето зјапаат во странци / туристи.

Јужна Африка
- Никогаш не собирај автостопери.
- Секогаш заклучувај ги вратите од автомобилот (кога си во него)
- Никогаш не стој на црвено, ако треба и да ползиш со колата ама постојано да бидеш во движење додека да се вклучи зелено светло.

Порторико
- Друг Порториканец на улица во Порторико? - Непријател.
- Друг Порториканец на улица каде било во светот? - Одамна изгубен пријател.

Ирска
- Ако стар човек ти понуди нешто, без разлика колку е одвратно, мора да го изедеш и да ти се допаѓа.
- Ако некој части тура пиење, тогаш и ти треба да частиш тура во текот на вечерта. Во спротивно си циција и нема веќе да те покануваат.

Естонија
- Секогаш соблекувај ги чевлите кога влегуваш кај Естонец дома. Може нема ништо да ти речат за ова, ама ќе осетиш дека не им е по мерак. (Веројатно ова е и за остатокот од светот што не е САД, или барем за Европа.)

Италија (јужна)
- Секогаш мора да ја изедеш храната што ти ја нудат на гости.
- Секогаш дозволи да ти купат кафе.
- Немој да се плашиш од физички контакт. Луѓето ќе те бакнуваат, гушкаат и допираат.
- Кога одиш на гости гледај да однесеш кафе, ако сакаш да те "почитуваат."
- Секогаш зборувај со луѓето. Во ред, во автобус, во банка, во пошта.

Шпанија
- Секоја тема за разговор е прифатлива - пари, здравје, приватен живот... Ама немој НИКОГАШ да ја спомнуваш Шпанската граѓанска војна. Луѓето уште се поделени околу неа. (Претежно важи за постарата генерација)

Финска
- Немој да зборуваш со луѓе освен ако не е некаква итна ситуација. Ако зборуваш со непознати тогаш си или старец, или пијаница или луд.

Норвешка (Шведска, Финска)
- Немој да седнеш до некој во автобус, ако имаш други слободни места.
- Немој да им збориш на луѓе што не ги знаеш.

Шведска
- Почитувај го личниот простор.

Австралија
- Пливај до знаменцата или ќе умреш.
- Немој да бидеш пизда.
- Дај му шанса на секого.

Канада
- Исчисти го снегот од твојата страна на тротоарот.
- Жали се колку е студено надвор ама само пред други Канаѓани. Никој друг не треба да знае дека ти е скурчено да живееш на минус.

Јапонија / Токио
- Немој да збориш на телефон кога си во воз. Немој да збориш гласно ако си со други луѓе во воз.
- Секогаш носи марамици.
- Никогаш никому не му дозволувај да ти плати сметка. Секогаш покривај го својот дел.

Бразил
- Бацувањето во образ е често во Бразил, меѓу жени и меѓу жени и мажи. Кога две жени ќе се сретнат, дури и да им е прв пат, не е ништо чудно да се бацат во образ. Ако се сретнат двајца мажи тие ќе се поздрават само со ракување. Маж кој бакнува друг маж е сосема бизарно (освен ако не се татко и син). Бакнувањето е соодветно и за формални настани (според горните стандарди). Во зависност од тоа во кој град си, бацувањето може да биде: еднаш, два пати или три пати.

Германија
- Нема непишани правила.

виа

 

 

7 февруари 2014 - 15:52