"Бракот е заедница на љубов, почит и разбирање која завршува со развод". Оваа досетка станува вистина во сè поголем број случаи: 40 до 50% од сите бракови во САД завршуваат со развод.
Но, антрополог од Индијана која со децении се занимава со разни аспекти на љубовта вели дека ако со вашиот партнер му дадете на вашиот иден брак грејс период од две години, си ги зголемувате шансите за епилогот "си живееа среќно и весело додека..."
Една неодамнешна студија утврдила дека дури 67 проценти од двојките кои се во врска но не уште во брачна се ужаснати и сериозно оптоварени од стравот од развод, не само заради правни и материјални компликации, туку и заради лични и општествени нуспојави на таа состојба.
А таквиот страв всушност овозможува и поздрави бракови бидејќи им дава простор на партнерите подобро да се запознаат.
Раната љубов односно афективната фаза на вљубеност ги разигрува најстарите делови на човечкиот мозок, оние во кои се наоѓаат командните центри за мотивација, страсти, опсесии... И тоа само по себе не би било проблем доколку зголемената активност на овие мозочни региони истовремено не ја кочат работата на некои други, подоцна развиени делови на мозокот кои се одговорни за рационалното донесување одлуки и планирањето.
Сè на сè, за да си дојде мозокот на свое од силниот интензитет на вљубеноста отприлика му требаат две години. А има па и луѓе на кои побавно им работи мозокот.
Мудрецот има сосема поинаков поглед на разводот: