Германците плаќаат 4 пати поскапа струја од Унгарците

Извештај од Меѓународната агенција за енергија открива дека унгарскиот главен град Будимпешта, во октомври имал најниски цени на електрична енергија во Европската Унија. Истовремено, германскиот главен град Берлин е рангиран како главен град со најскапа цена на струја во Европа. ЕУ не е среќна со овој резултат и се правдаат дека тоа на Орбан е руска енергија.

Германските домаќинства плаќале повеќе од четири пати повисоки цени на електрична енергија од унгарските домаќинства, објавува „Маџар Немзет“, врз основа на студијата на Агенцијата. 

Најновите бројки на Евростат од октомври, покажуваат дека Германија имала највисока единечна цена на електрична енергија за домаќинствата од 41,08 евроценти, додека во Унгарија таа била 9,34 евроценти за киловат час.

Просеците во ЕУ биле околу 2,8 пати повисоки од будимпештанската тарифа, пренесува Ремикс.

Унгарија одржува ниско ценовно ниво поради политиката на нејзината влада за ограничување на цените на комуналните услуги. Унгарската регулатива на цените е двостепена: најсубвенционирана цена (36 форинти за киловат-час) која важи важи до 2.523 kWh електрична енергија годишно, по што стапува на сила повисока, но сепак намалена и непазарна цена од 70,10 форинти.

Исто така, вреди да се спореди и колку тарифите, без разлика дали се ниски или високи во апсолутна смисла, ги оптоваруваат домаќинствата; унгарско домаќинство од Будимпешта со двајца вработени со просечен приход потрошилo 1,7 проценти од својот приход за комунални услуги, додека во потрошило 2,2 проценти. Лисабон имал најлоша бројка од 6,1 процент. Берлин е на седмото место со 2,5 проценти.

Според цените по класичниот паритет на куповна моќ,Чешка имала највисоки цени на електричната енергија (39,16), следува Полска (34,96) и Италија (34,40) а Унгарија повторно се покажа одлично во оваа споредба со вредност од 15,01, што ја става на второ место после Малта (13,68).

Брисел постојано ја повикува Будимпешта да се откаже од руската енергија, но доколку Унгарија престане да увезува руски гас, цените на греењето за Унгарците ќе се зголемат, бидејќи ограничувањата повеќе нема да бидат одржливи. И покрај тоа што САД ја исклучија Унгарија од сопствената забрана за руска енергија, претседателката на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен е упорна со барањето Будимпешта да поднесе план за откажување од руските извори на енергија.

Но, пресметките на владата покажуваат дека доколку Унгарија биде принудена од ЕУ да се откаже од рускиот природен гас и нафта, тарифите ќе се зголемат трикратно.

22 ноември 2025 - 20:20