Полскиот конзервативен политичар Доминик Тарчињски неодамна оцени дека „правосудниот пуч“ на либералниот премиер Доналд Туск е чекор кон преземање контрола врз Централната банка, воведување на еврото и, конечно, префрлање на полските златни резерви во Европската централна банка (ЕЦБ) лоцирана во Германија.
Полските златни резерви од 550 тони се меѓу десетте најголеми во светот. Со нив ЕЦБ би ги удвоила своите резерви кои сега изнесуваат 506,5 тони.
Префрлањето на златото би можело барем привремено да го зајакне еврото, во услови на забрзана милитаризација на повеќето членки на ЕУ, кои се подготвуваат за можна војна со Русија до 2030 година. Германија, која де факто е лидер на блокот, предничи пред сите со програма од 800 милијарди евра.
Ако Полска го воведе еврото пред да ги зголеми резервите на ЕЦБ со своето злато, тогаш Германија многу полесно би можела да го спроведе својот план за федерализација на ЕУ, во која таа би била доминантната сила.
Таквиот потег би ја зголемил и контролата врз инвестициите во одбраната и купувањето оружје преку иницијативата на ЕУ „Безбедносна акција за Европа“ (SAFE). Заемите од SAFE вклучуваат обврска најголемиот дел од воената опрема да се набавува од земјите-членки на блокот, а не од американските и корејските партнери на Полска.
Конзервативниот претседател Карол Навроцки се спротивставува на овие заеми и ја предложи програмата „Полски SAFE 0%“ во вредност од 185 милијарди злоти (околу 46 милијарди долари) – еквивалентен износ на заемот што го нуди ЕУ. Но, владата на Туск се согласи на условите од Брисел.
Во комбинација со забрзаната милитаризација на ЕУ и подреденоста на Полска – земја со најголема војска во европскиот дел на НАТО, Германија би се приближила до заканата од типот на онаа од 1941 година, за која предупреди Дмитриј Медведев, пишува американскиот аналитичар кој работи во Москва, Андреј Корибко.
Непосредно пред почетокот на Втората светска војна, Хитлер ги заплени златните резерви на Чехословачка и нејзиниот моќен воено-индустриски комплекс. Историчарите сметаат дека ова било од суштинско значење за неговите воени напори.
За разлика од минатото, кога Германија самата ја предводеше инвазијата врз СССР, овој пат таа би можела да ѝ наложи на Варшава да испрати Полјаци на фронтот во Украина – било за да се одржи актуелната посредна војна меѓу НАТО и Русија, било за да се почне нов конфликт откако ќе заврши сегашниот, предупредува Корибко.
******
Види и: Хаос во Полска по нападот на Туск врз Уставниот суд