Долгогодишното искуство и моменталното расположение на нашата стрвост, од нивното сериозно зимско мени ги издвоија следниве три препораки за разгалување на душата.
БРОЈ 1: Пита пастрмалија
Бавно стасано тесто, квалитетно свинско месо и она што сè поретко се наоѓа во Скопје - можност питата да биде права велешка, оросена со пастрма од нивно домашно производство.

Број 2: Тава Ники
Нивната прочуена тава е раскошна симфонија на вкусови. Знае да се јаде со затворени очи, во желба да се детектираат сите ноти кои ги содржи еден залак. Не го препорачуваме тоа: додека мижите, другите ќе ви ја изедат.

БРОЈ 3: Свинска коленица
Едно од најубавите и најсочни парчиња месо, полно со карактер, со часови оставено на тивко да се запознава и засакува со останатите другарчиња. Ветуваат дека годинава редовно ќе ја имаат на зимскиот репертоар.

Бонус препорака за шампионски финиш: Домашна алва со гриз

Рековме и пак ќе речеме:
Во срцето на Дебар маало, но со господска оддалеченост од општата тарапана која во последно време царува во тој реон, функционира гостилница која со години и децении успева во нешто што некои други не успеваат ни недели и месеци - да го задржат квалитетот поради кој си решил повторно да им отидеш. Такви се Ники - фикс и цврста точка во непостојаната и променлива понуда на скопското угостителство.
На Фејсбук се - овде.
Локацијатa им е овде.
Прашања и резервации на 02 311 1714
