МАКЕДОНИЈА
Читам во српскиот печат дека Папата Франциско утре е во Северна Македонија.
Ова е прашање на јазик, не на политика. Мене кога ќе ми кажеш северна Македонија, јас мислам на Куманово. И самиот термин „Северна Македонија“ звучи одбивно затоа што е наметнат.
Ние имаме наше име за таа земја и за нејзиниот народ и јазик, а тоа е Македонија, Македонци, македонски јазик и не гледам потреба тоа да се менува во секојдневниот говор и во медиумите, освен во официјалните документи, каде тоа е баш неопходно.
И кога ја викаа ПЈРМ, ние ја викавме Македонија. Не ми е јасно зошто не би имале привилегија нашите први соседи и најблизок род, во секојдневниот говор да го викаме онака како што сме навикнале, туку мораме со името кое тие не го сакаат и кое е наметнато, и ним и нам, со нечие националистичко инаетење со кое ние немаме никаква врска.
Имаме свој датум за Божиќ (погрешен календар), имаме своја азбука, тука не попуштаме, но јазикот Грците ни го менуваат со декрет.
Сакам да кажам: на братучетка ми во пасош и пишува Славица и венчаното презиме, па пак ја викаме „наша Цаца“, ако ме разбирате.
Дејан Тиаго Станковиќ на ФБ
------
Претходно Букбокс пишуваше за човеков.