Да објасниме пар елементи потребни за разбирање на видеото. Еден млад дечко Зак Коплин (19 години!) упорно и ефикасно се бори против мнозинството законодавци во неговата Луизиана кои систематски го шверцуваат креационизмот во училишните програми и користат јавни пари за да вметнат верска индоктринација во часови кои треба да ѝ се посветени на науката.
Видеото е дел од парламентарно сослушување на оваа тема кое го води конзервативниот сенатор, Мајк Волсворт, убеден креационист. Тој jа ја прашува професорката по природни науки Дарлин Ривс да му каже некој конкретен пример за еволуција. Ривс му објаснува еден познат лабораториски експеримент со бактеријата Eшерихиа Коли и нејзината мутација и еволуција.
И тој ја прашува ова:
Ако не сте сигурни дека сте слушнале добро, да, човекот кој има право да носи закони во САД ја праша професорката дали во тој лабораториски експеримент (кој се изведува на часови!), бактеријата може да еволуира во - човек.