1. Будете се половина час порано од тоа што треба, добро е кога не треба да брзате веднаш штом отворите очи.
2. Дишете длабоко секогаш кога ќе ви текне.
3. Пијте чај наместо кафе. Камилица и нане се лек, кафето е отров.
4. Јадете помалку ама квалитетно. Наместо во бурекчилница, влезете во продавница, наместо бурек и останатите мрсни тестенини, почестете го организмот со банана, јаболко или суви смокви. Поевтино е и е многу поздраво.
5. Алкохол, тутун, дрога и тешка храна избегнувајте секогаш кога можете.
6. Пешачите најмалку 45 минути дневно. Аутотабан е најздрав вид на превоз.
7. Ако немате работа, волонтирајте, тоа е најбрз начин да најдете работа.
8. Кога работите нешто потрудете се да го направите најдобро што можете. Квалитетот е единствен пат до квалитетот.
9. Бидете искрени и јасни, или барем ќутете. Проверено. Се исплати.
10. Намалете го бројот на пријателства, ама зголемете го нивниот квалитет, не им дозволувајте на будалите да ви го трошат времето, кое можете да го минете со попаметни од себе.
11. Подарувајте се што не ви е неопходно. Подарувањето е храна за нервниот систем. Се исплати.
12. Интензивно фантазирајте, само внимателно, соништата често се остваруваат.
Искрено ваш,
Рамбо Амадеус, Мега Цар Светски, Гига Император Галактички, Тера Кондуктер Космички
* неговите седум музички совети - тука