1. Добар дел од блузот започнува со "Woke up this morning..."
2. „Најдов добра жена“ е лош начин да се започне блуз, освен ако не ставиш нешто гадно во следниот стих, како "I got a good woman, with the meanest face in town."
3. Блузот е едноставен. Откако ќе ја погодиш првата линија, повторувај ја, сè додека не најдеш нешто што се римува... отприлика: Got a good woman with the meanest face in town. Yes, I got a good woman with the meanest face in town. Got teeth like Margaret Thatcher, and she weigh 500 pound."
4. Во блузот немаш избор. Ако заглавиш, заглавен си, нема начин да се извадиш.
5. Блуз возила се Шевролет, Форд, Кадилак и расипани камиони. Блузери не се возат во Волво, БМВ и спортски коли. Авиони никако. Автобус, воз и пешки може. Се патува главно на југ.
6. Тинејџерите не знаат да пеат блуз. Тие сè уште не се спремаат да умрат. Блуз пеат возрасни. „Зрелоста“ во блузот значи да си спремен за електрична столица ако упукаш човек во Мемфис.
7. Блузот може да опстане во Њујорк, но не и на Хаваи или на кое било место во Канада. Да поминуваш низ тешки времиња во Минеаполис или Сиетл, не е блуз, најверојатно е клиничка депресија. Најдобри места да си блуз остануваат Чикаго, Сент Луис и Канзас сити. Не можеш да си блуз во места во кои не врне.
8. Маж со машка ќелавост не е блуз. Жена со машка ќелавост е. Да скршиш нога на скијање не е блуз. Алигатор да ти ја цвикне - е.
9. Не може да си блуз во канцеларија или трговски центар. Осветлувањето е погрешно. Оди надвор на паркинг или седни покрај контејнер.
10. Добри места за блуз се:
а. Автопат
б. Затвор
в. Празен кревет
г. Дното на чаша виски
11. Лоши места за блуз се:
а. Нордстром
б. Отворања на галерија
в. Факулети од Ајви лигата
г. Голф терени
12. Никој нема да верува дека си блуз ако носиш костум, освен ако си постар човек од етничко малцинство и спиеш во него.
13. Имаш право да пееш блуз:
а. Ако си постар од прашината
б. Ако си слеп.
в. Ако имаш упукано човек во Мемфис.
г. Ако никако не можеш да бидеш задоволен.
4. Немаш право да пееш блуз ако:
а. Ги имаш сите заби.
б. Некогаш си бил слеп, ама сега гледаш.
в. Оној човекот во Мемфис преживеал.
г. Имаш пензија.
15. Блузот не е прашање на боја. Тој е прашање на лош ксмет. Тајгер Вудс не може да пее блуз. Сони Листон можеше. Грдите бели луѓе имаат шанса.
16. Ако побараш вода а твојата сакана ти подаде бензин, тоа е блуз.
17. Други прифатливи блуз пијалоци се:
а. Ефтино вино
б. Виски или бурбон
в. Матна вода
г. Одвратно црно кафе
18. Не- блуз пијалоци се:
а. Перие
б. Шардоне
в. Овошен чај
г. Протеински напиток
19. Ако смртта се случи во евтин мотел или колиба, тоа е блуз смрт. Прободен во грб од љубоморен љубовник исто. Таква е и смртта на електрична столица, злоупотреба на супстанци и умирање осамен на скршено креветче. Не може да имаш блуз смрт за време на тениски меч или на липосукција.
20. Некои дозволени блуз имиња за жени се:
а. Седи
б. Биг мама
в. Бес
г. Фет ривер дамплинг
Некои блуз имиња за мажи:
а. Џо
б. Вили
в. Малиот Вили
г. Големиот Вили
22. Лица со имиња како Мишел, Амбер, Деби и Хедер не можат да пеат блуз без разлика колку мажи имаат упукано во Мемфис.
23. Направете стартер комплет за своето блуз име: a. име на физичка немоќ (слеп, инвалид, сакат, итн.) б. име (види погоре) плус име на овошје (лимон, лимета, киви итн.) в. презиме на претседател (Џеферсон, Џонсон, Филмор, итн.) На пример: Блајнд Лајм Џеферсон, Џеклег Лемон Џонсон или Сакатиот Киви Филмор (добро, не мора „киви“)
24. Не ми е гајле колку твојот живот е трагичен: ако поседуваш макар и еден компјутер, не можеш да пееш блуз.