Драги мои Југословени, слушам, ме мразите.
И тоа од дното на душата. Ме мразите и ми пцуете сè по список. Викате дека сум бил диктатор, дека сум гушел слободи, дека во затвор сум праќал недолжни, дека сум наредувал убиства, дека сум ги задолжил и вашите деца, внуци и правнуци, дека сум бил против слободата на верата, дека сум направил општество на нееднакви....
Е па, да ме мразите, и тоа секој ден сè повеќе! Ќе заборавите дека сум станал претседател на држава што уште беше во феудалното доба, во која речиси и немаше фабрики, дека процентот на неписмени беше исклучително висок, дека болести што беа искоренети во Европа дивееја по целиот Балкан. Ќе заборавите, или веќе сте заборавиле, колку километри пруги и патишта беа изградени додека бев „диктатор“, колку болници, училишта и универзитети, колку фабрики направивме, каква војна индустрија изградивме, колку работнички одморалишта имавте, на копно и на море. Ќе заборавите дека вашите деца имаа добри школи, а вашиот пасош беше ценет.
Ете, признавам, бев диктатор. Не дозволував Руси и Американци да ни се серат на глава. Точно е, диктатор бев, не сакав да слушнам дека некој може да биде гладен. Наредував, и пак би наредувал, секој работник да добие стан од својата фирма. Наредував, и пак би, секоја работничка фамилија да може да оди на годишен одмор на море. Признавам, ја мразев заостанатоста и го користев својот диктатораски авторитет секое дете да мора да оди во основно училиште, кое сака може и во средно и на бесплатен факултет. Лекувањето беше достапно и бесплатно за сите.
Ме мразите зашто сум апсел и праќал на Голи Оток. Ќе ме мразите уште повеќе кога ќе ви кажам дека повторно тоа би го правел, само за да обезбедам мирен сон на секое дете во својата диктатура. Кој си ја работеше својата работа, не одеше на Голи Оток. Кој правеше глупости, ровареше против штотуку основаната држава, кој коваше планови таа да стане советска република или квазиамериканска демократија, тој имаше бесплатен билет за Голи Оток.
Ме мразите зашто сум наредувал убиство на квислинзите и предавниците од 1945-та. А што требаше? Да ги амнестирам, а тие колеа недолжен народ четири години? Викате дека сум наредил убиства и на некои свештеници, оџи и попови. А не ви паѓа на памет дека во живот сум оставил 99% од нив и дека сум наредувал (и пак би) да се ликвидираат само оние што благословуваа касапи? Заборавате дека не забранував да се градат цркви и џамии.
„Кенк-кенк“, Тито бил диктатор, тој не дозволи развој на демократијата! Па мајку вам вашу, сè ви дадов! Не се викаше оваа или онаа партија, ама имавте синдикати, работнички совети, субнори, ги имавте сите шанси да се однесувате демократски и да увежбувате демократски процеси. Демек ви пречи што не можел да напредува некој што не е член на партијата? Па, мајку вам вашу, кој сега напредува во тие ваши држави? Да не се можеби независни интелектуалци?
Да знаете, длабоко сте ме разочарале. Сè ви дадов и што направивте вие? Сè живо разебавте! Кај се сега оние школи и фабрики, кај се универзитетите? Колку е наталитетот? Растете или паѓате? Дали сте среќни или несреќни? Лето е, сакате на море? Со свои пари или можеби на кредит? Чии ви се банките? Чија храна јадете, домашна или увозна? Кој е кум на вашето дете, да не е пријател или комшија од друга вера или нација, или тоа веќе го нема? Кај ви се децата, со вас или пак побегнале во странство, да им бришат дупе на Швабите. Дали можете да живеете од пензијата или бога молите да умрете пред пензија да не се мачите и себе и децата?
Будали едни! Што ви викав: чувајте го братството и единството! Мислите џабе ви го зборував тоа?
Сега Шваби и Французи ви увалуваат приказна за Европска Унија, а вие голтате сè што ќе ви кажат. Па имавте вие унија посилна од европската, со своја војска, полиција, банки, домашна храна, бесплатно лекување и школство. Сега ќе добиете нивни банки, нивна војска, нивна храна, а од домашно, ќе изедете само говно.
Јосип Броз Тито
*****
Документарец: „СФРЈ, вака беше тоа“