Судир на перспективи

Един народ, две планети

Да видиме кој каде ќе оди во 2027 година и каква перспектива имаме ние во стремежот да го стигнеме светот. Накратко, имаме една добра и една лоша вест за вас. Добрата е што конечно со воз ќе се поврземе со Бугарија. Лошата е што за десет години светот има поинакви планови. 

Нашата перспектива:

„Од Скопје до Софија ќе се патува со воз во 2027 година“

Бугарската влада го одобри Меморандумот за соработка помеѓу министерствата за транспорт на Бугарија и на Македонија за развој на железничкиот сообраќај. Нашиот источен сосед ја презема обврската да ја догради пругата Софија – Перник – Радомир – македонска граница до 2027 година. Македонската влада се обврзува дека трите фази од изградбата на пругата од Куманово до граничниот премин Деве Баир ќе ги заврши до 2025 година. Меморандумот за соработка наскоро ќе се потпише од страна на владите на двете земји.

Македонската влада пред неколку дена доби неповратен грант од Европската унија во висина од 70 милиони евра. Овие средства ќе бидат искористени за доизградба на пругата од Бељаковце до Крива Паланка. Во моментов тече изградбата на сегментот од Куманово до селото Бељаковце, но градежните работи на терен се одвиваат со многу бавно темпо и веќе е пробиен рокот за пуштање во употреба на првата фаза од проектот. Од бугарска страна, пругата до Ѓуешево на македонско – бугарската граница се наоѓа во функција и по неа се одвива секојдневен сообраќај на патнички возови. И покрај ова, железничката инфраструктура од Ѓуешево преку Ќустендил до Радомир е во многу лоша состојба и ќе мора темелно да се реконструира во наредниот период.

**********

Перспективата на некои други меридијани:

„Збогум Земјо: Ќе живееме на Марс во 2027 година“

 

 

27 јули 2017 - 11:09