Хеј, фаци, Јана да ви каже нешто

Многу порадо би спиела или седела дома, него да свирам опкружена со скопските "фаци" роќеришта и менаџеришта, шо губат време од животот на бутање прасе у кафани, лактање шанкои, дрогсање со апери и љокање штогод е фора периодот. Не сум јас интересна. Ја сум од тие шо 2 години унапред купујат карти за акустичен концерт за Стинг и после идат да пијат чај и да глеаат Дизни.

Кафанџии, пред да помислите да ме барате за свирка, поготоо па у 15 до 2 САБАЈЛЕ, присетете се на фактов: свирам на улица секаде и низ светов, од никоја друга причина освен поради тоа дека ми се исплати таквиот избор ПОВЕЌЕ, и во поглед на лајфстајл и во поглед на слобода а и во поглед на изгубени часови во пеење и свирење, а не затоа што немам избор. Бутнете си ги вашите 1500 денара за 3 саата дерење, кои на улица ги правам некад и за 40тина мин, во било кој слободен отвор од вашите тела. Моето одвоено време во влечкање по кафичи, дерњање до 1, 2,3 сабајле и забављање пијани фаци шо ти викаат дај нешо поживо, или ја знаеш ли круг од екаве, кошта поише.

Океј?
Фала многу.

Има луѓе кои уживаат во тој лајфстајл и би свиреле чак и без пари од што им е ќеф, во такво опкружување, со два тона алкохол, провод и бука! Е, јас тие луѓе баш и не сум! Мене ќефот за таквото свирење ми доаѓа можеби откако ќе видам дека некој со достоинствен износ на средства го почитува моето дадено време и енергија!

Многу порадо би спиела или седела дома, него да свирам опкружена со скопските "фаци" роќеришта и менаџеришта, шо губат време од животот на бутање прасе у кафани, лактање шанкои, дрогсање со апери и љокање штогод е фора периодот. Не сум јас интересна. Ја сум од тие шо 2 години унапред купујат карти за акустичен концерт за Стинг и после идат да пијат чај и да глеаат Дизни.

Искрено не ми е јасно како ви се фура лајфстајлот уопште, санкир имаме нешто јак репертоар на излагачки места. Тој целокупен ноиз од животен стил знае да иззамара многу повеќе отколку да даде назад, ако се практикува премногу. Вие си знаете, можда ми е преискачано Скопје па како последица се распостелувам со нелагодни за восприемање епитети.

Али видете, чим ви е нелагодно значи дека ви е некаде у близина мувата на капата :)

Лека ноќ и добро утро,
Јана Гигова

 

28 јуни 2019 - 18:07