Шеќерната индустрија во 60-тите години на минатиот век платила научници да ја минимизираат врската меѓу шеќерот и здравствените проблеми и наместо тоа, вината да ја префрлат врз мастите.
Тоа го покажуваат неодамна објавени документи од кои е јасно дека пет децении истражувања на линковите меѓу исхраната и срцевите заболувања, вклучувајќи многу од и денес важечките официјални прехрамбени препораки се обликувани од произведувачите и трговците со шеќер.
Она што денес е познато како Американска асоцијација за шеќер тие години платила тројца угледни професори во Харвард (во денешна вредност од 50.000 долари) за да напишат стручен преглед на научните сознанија на врските меѓу заситените масти, шеќерот и срцевите проблеми. А тие во прегледот внимателно одбирале само студии кои одговараат на нарачката: да се забошоти улогата на шеќерот а да се истакнат лошите ефекти на мастите. Нивното дело потоа е објавено во еден угледен медицински магазин.
"Од денешна перспектива, тоа е доста нечесен но многу паметен потег на индустријата. Таквите стручни прегледи, особено ако се објавени во звучни магазини, знаат долги години да ја обликуваат научната дебата", вели денес еден професор по медицина.
Во тоа време медицинските списанија не беа обврзани да ги откриваат нарачателите и финансиските поддржувачи на научните студии како што е тоа случај денес. Но, тоа не значи дека праксата за спинување на научните информации е прекината. Како што тоа лани го покажа Њујорк Тајмс или годинава Асошиетед Прес, произведувачи на газирани пијалоци и слатки и сега истураат милиони долари во научни истражувања кои треба да ја потврдат здравствената невиност на нивните производи.
Денес тројцата потплатени професори од Харвард се починати. Еден од нив подоцна станува претседавач на харвардскиот оддел за исхрана а другиот дотуркал до главен шеф во сојузнииот департмент за земјоделие и учествувал во изработка на федералните препораки за исхрана на населението.
--------------------
Интервентна помош: