На денот на крунисувањето на кралот Чарлс, бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва ги критикуваше САД и Велика Британија за еден од најбруталните напади врз медиумските слободи, Џулијан Асанж, па на Твитер ќе го напише ова:
„Срамота е што Асанж, новинар кој раскринка криминал на една држава врз други, е в затвор и ние не правиме ништо даа го ослободиме. Мислам дека постои потреба од движење на слободното новинарство кое ќе ја брани неговата слобода, но и слободата да се раскринкуваат работите“.
**********
На крунисувањето присуствуваше и Стево Пендаровски со сопругата. По тој повод, тој оцени дека:
„Македонско-британските релации се темелат на заеднички и универзални вредности и постојано се унапредуваат“.
Ај не за Асанж (би било премногу да се очекува тоа од таков државнички капацитет), ама можеше Стево да гукне нешто за визите кои Обединетото кралство упорно ги бара од македонските граѓани, во „релациите кои постојано се унапредуваaт“.
Ништо ни за тоа. Оти ќе му падне круната од глава ако спомне.
А како функционира тоа со визите за Британија, можете да видите во сведоштвата:
Нашите први пријатели, Британците