„Посно прасе “некому звучи како оксиморон а некому како кошмарен знак за престојна апокалипса на оваа цивилизација. Ама кинеските научници создале баш такви. И горди се, ќе можеле гудињата на ладно да си играат. Јебала их логика. Ќе јадат кучиња (интегрални) а овде на мрсно ќе штедат.
Некаде во текот на 1960-те холестеролот во сите негови можни појави и извори, беше прогласен за душманот на човековото здравје, со посебен нагласок на вечно прождерливите мажи. Тоа е периодот и кога почнува да се зачестува муабетот за ниво на холестерол и срцеви заболувања кај луѓето.
До сега консензусот кај нутриционистите и докторите е - штом нешто е мрсно, тогаш е штетно за здравјето, предизвикува срцеви заболувања и дебелее. Сега излегува дека консензусот е погрешен, и треба да биде речиси сосема спротивен.
Здравствена пресуда за мрсното изгледа лесна за донесување: ем има доста калории ем има холестерол кој ти прави проблеми со срцето па умираш порано отколку што си се надевал. Но, дали е баш така?