Користејќи техники за генетски инженеринг, кинески научници создале 12 „low-fat“ прасиња. Имаат за една четвртина помалку масти од обичните примероци и подобро се справуваат и со надворешните и со сопствените температури.
Имено, научниците успеале да премостат еден природен недостаток на свињите, генот со кој повеќето цицачи кои него го имаат, поефикасно од нив ја регулираат телесната температура. Свињите го немаат па трупаат сало за да се справат со ниските температури.
Сега доаѓа малку гадно: генот бил додаден од глувци.
Научници се сложуваат дека откритието може да им заштеди милиони долари на одгледувачите на свињи заради кратење на трошоците за затоплување и храна.
Велат дека месото не би требало да се разликува по вкусот од обилното прасечко иако тоа не можат да го тврдат бидејќи прасенцата се сè уште се мали и не се пробани.
Можеби задоцнивме со биткоини ама време е да почнеме да трупаме сланина; после ова, таа наскоро може да постигне драгоцена цена на пазарот.