Таг: сланина

Кратко упатство за сланина

На толку корисни работи што се изнакажа човеков, веројатно најдолго ќе ни држи тоа дека само што дознавме дека постои професија „експерт за сланина“, и тоа многу ни менува во животот. Исто и сланина од мисирка не е сланина!

Омлет со спанаќ и сланина

Кога животот ти дава јајца, направи си омлет!

Кинезите направиле посно прасе

„Посно прасе “некому звучи како оксиморон а некому како кошмарен знак за престојна апокалипса на оваа цивилизација. Ама кинеските научници создале баш такви. И горди се, ќе можеле гудињата на ладно да си играат. Јебала их логика. Ќе јадат кучиња (интегрални) а овде на мрсно ќе штедат.

Рецепт за сендвич со упатство за гледање

Да знаевме да ги монтираме видеава немаше да се објаснуваме, ама што е тука е. Три работи. Прво, копнежот е за првото божество од сендвич. Второ, без тоа џемот (мада може и со тоа да е вкусно). Трето, ако веќе пребираме и лепчињата треба да ги потпече.

ПЕТА 'рчка во најсветото

Иако само по себе не нешто посебно високо на скалата за "пиар преку скандализирање" ПЕТА се подаде на Твитер да се закачне со сланината. Во нивна одбрана имале они и посериозни напади, ама и ова собра масовна публика, до сега има околу 17.000 одговори, од кои околу половина се на ПЕТА (па оди одржувај им на нив социјални медиуми за 100 евра месечно и наплаќај им за пишување #ДоброУтро секое сабаје). Нивниот твит е "дајте го вашиот најдобар аргумент за јадење сланина".

Лазањааа...

Со мисиркино и сланина... мњам!!!

ЧИА си, на кого џабе радости му носиш?

Чиа семето во последно време е една од најголемите ѕвезди на здравата и фенси исхрана. До толку е станато популарно што пред некој ден шокирани слушнавме двајца најнаши луѓе, довчерашни хедонистички соборци, како си зборат дека едниов користел чиа, а другиов ленено семе. Џизс! Па така малку да им го сјебеме ентузијазмот.

Паста "Карбонара"

Не се може без сланина!

Караѓорѓева

Ролована свинска шницла за луѓе со голем апетит!

Залаци од сланина

Калориска бомба во еден залак!

Јајца Бенедикт

Ги спремаш еден саат за да ги изедеш за една минута!

Веге бургер (со сланина)

Кога дознав дека ќе бидам тетка!

Околу сланината и колбасите што предизвикуваат рак

Светската здравствена организација објави дека јадењето преработено месо (колбаси и сланина) предизвикува рак. Ова се базира на анализа на 800 студии, по што СЗО преработеното месо го става во група 1 канцероген, заедно со цигари и алкохол. Другари, полека малку.

Кралот на сланината

Алан Бентон од 1973-та е сопственик на Benton's Smoky Mountain Country Hams, компанијата која од 1947-ма ја прави најдобрата сланина во САД. Ако ви требаат уште референции за да го изгледате видеово, воопшто немој ни да се мачите да го гледате.

На ништо од ова да не верувате

Научници, фела со која до сега се согласувавме по секоја основа (од Биг Бенг до вакцини), некако сфатиле дека ја имаат нашата безусловна поддршка за што било, па дека за сè ќе им веруваме на збор. Овој пат нема да може.

Со љубов за сланината

Велигденските пости поминаа, па раат можеме да го објавиме постов за книга исклучиво посветена на рецепти со сланина. Ја ставаат и во благо.

Дали сланината навистина прави сè да биде подобро

Магазинот Вајард и ФудНетворк анализираа над 900.000 оценки на рецепти од сајтот на ТВ каналот за готвење. Нивната мисија е да откријат што мисли народот за сланината.

Брза пита

Пита од сланина, јајца и фета.

Пита со мешан зеленчук

Вкусна пита со зеленчук, јајца и сирење.