Пита од лиснато тесто

Пита со мешан зеленчук

Вкусна пита со зеленчук, јајца и сирење.

Време на подготовка:
40 мин.

Време на готвење:
45 мин.

Вкупно време:
1 ч. 25 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1 парче замрзнато лиснато тесто
  • 8 јајца
  • 100мл. хопла
  • 2 чешниња лук, ситно сецкан
  • 2 главици млад кромид, ситно сецкан
  • 50гр. замрзнат грашок
  • 2 помали тиквици исечени на тенки кругови
  • 4 парчиња сланина, исецкана
  • 100гр. рендано сирење

Подготовка

Загрејте ја рерната на 190 степени. Премачкајте со малку масло длабоко округло тавче. Извадете го тестото од фрижидер и кога малку ќе се одмрзне исукајте го во кора. Сместете ја кората лиснато тесто во тавчето така што ќе ги прекриете целосно дното и страните. Исечете го вишокот на тесто. Вратете го тавчето со тесто во фрижидер и оставете го 10 минути. Потоа врз тестото ставете хартија за печење и врз неа ставете друго помало тавче.
печете го на овој начин тестото во загреана рерна 10 минути. Потоа одстранете го горното тавче и хартијата за печење и допечете го тестото уште 10 минути додека да добие златно жолта боја. На овој начин тестото нема да нарасне и ќе можете во средина да го стаавите зеленчукот за питата. Оставете го тестото да одстои 10 минути за да се излади. Намалете ја јачината на рерната на 180 степени.
Во длабок сад изматете ги јајцата со хопла и лук. Зачинете со сол и бибер. Измешајте ги во сад кромидот, тиквиците, грашок, сланина и сирење. Оваа смеса додадете ја во тавчето врз тестото. прелијте го зеленчукот со јајцата со хопла. Печете ја питата 45 минути.
Послужете ја веднаш. На здравје!

14 септември 2013 - 13:37