Пилешко

Пилешки батаци со рузмарин

Пржени батаци во вино и рузмарин.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
60 мин.

Вкупно време:
1 ч. 10 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 8 пилешки батаци
  • 1 лажица брашно
  • 1 главица лук
  • рузмарин неколку гранчиња
  • 300 мл. бело вино
  • сол и бибер

Подготовка

Избришете ги батаците со хартија, и исечете го вишокот масни делови и кожа.

Помешајте ги батаците со брашното. Главицата лук разделете ја на чешниња. Загрејте две лажици масло во тава, и ставете ги батаците со кожата надолу. Пржете ги батаците додека не добијат златно кафена боја од сите страни. Додадете го лукот, гранчињата рузмарин, виното, сол и бибер. Оставете да зоврие, па покријте ја тавата, намалете ја температурата и гответе ги батаците околу 40-45 минути или додека не се зготвени.

Послужете со прилог по желба.

10 декември 2012 - 07:00