Шпански специјалитет

Тестенини со туна

Вкусен шпански специјалитет од туна.

Време на подготовка:
25 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
40 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 250гр. макарони (или други тестенини по желба)
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 главица кромид, ситно сецкан
  • 1 црвена пиперка, исецкана на тенки парчиња
  • 2 чешниња лук, ситно сецкан
  • 800гр. излупени исецкани домати
  • 100гр. зелени маслинки без семка, исецкани
  • 370гр. туна од конзерва (туна во масло, процедена)
  • 80гр. моцарела, изрендана
  • 30гр. пармезан, рендан

Подготовка

Загрејте ја рернта на 220 степени. Премачкајте со малку масло тавче за печење. Сварете ги тестенините во тенџере со вода и сол според упатството на ќесата. Процедете ги.
Во меѓувреме загрејте масло во тава на среден оган. Пржете ги кромидот и пиперката со мешање околу 5 минути. Додадете лук и гответе уште 1 минута.
Потоа додадете ги доматите. Кога сосот ќе зоврие намалете ја јачината и гответе го 10 минути додека да се згусне. Додадете ги во сосот тестенините, маслинките и туната. Зачинете со бибер.
Оваа смеса префрлете ја во приготвеното тавче. Одозгора додадете рендана моцарела и пармезан. Печете ги тестенините во рерна 15 минути или додека да се растипи сирењето и добие златна боја.
Послужете ги веднаш. На здравје!

29 јули 2013 - 10:01