За сите насекирани за Навални, еден збор - Асанж

Пратеничка нa Европскиот парламент озбилно запука по лицемерието на овој храм на демократијата и чувар на човековите права во кој деновиве не може доволно да се оплака судбината на Алексеј Навални ама затоа со години не смее да му се спомне името на Џулиен Асанж. За иронијата да биде на најјако, на овој нејзин говор, Твитер му залепи етикета дека е „сензитивна содржина“.

Јас сум и повеќе од подготвена да застанам во одбрана на било чии права, вклучително и оние на Навални. Но, да бидеме искрени, се работи за злобен анти-имигрантски расист со поддршка од веројатно 4% кој прави протeсти од стотици или илјада луѓе во милионски градови. Тешко тоа да се нарече масовно движење.

Ќе дискутиравме ли воопшто за него ако беше уапсен на кое било друго место освен во Русија?

Во меѓувреме, Џулијан Асанж е затворен речиси 10 години за обелодeнување на американските воени злосторства, ние овде име не смееме да му спомнеме.

Утре каталонскиот рапер Пабло Хасел оди в затвор поради своите стихови. Каде се повиците за санкции кон Шпанија?

Се вика Клер Дели, од Ирска е и е претставник на независните социјалисти.

Ова нема врска со човекови права. Ова е чиста политичка агенда против Русија која работи на погонот на воено-индустрискиот комплекс кому му треба непријател за да ги правда своите милиони.

******

 

11 февруари 2021 - 12:03