Во краткото видео "Јас сум грејсексуалец", млад дечко наречен Џeред објаснува што е тоа: сексуална идентификација која спаѓа под чадорот на асексуалците, aма, не баш.
Grеy на англиски значи сиво. Така и Џeред за себе вели дека се наоѓа во "магичната зона" меѓу асексуалците (кои не ги занима секс) и сексуалците (кои ги занима секс).
Ваљда на турски би се викало пишман-сексуалец.
Со негови зборови: "Асексуалноста се замислува како спектар а грејсексуалноста е нешто помеѓу, нешто пофлуидно меѓу сексуалноста и асексуалноста".
Оние што се идентификуваат како грејсексуалци можат истовремено да се сметаат за геј или стрејтери или која било друга насока, гласи новото правило.
Спремни за уште еден цитат од Џеред (патем, тој се идентификува како геј) ?
"Некогаш мислев дека не сум ја нашол вистинската личнст но во меѓувреме бев со многу дечки и искуството секогаш ми беше слично - сакам да ги гушкам, да се бацуваме но нејќам да имам секс со нив. Нејќам да пушам, нејќам да пушат, да ме пуштаат да останувам по гаќи би бил супер среќен".
Заради ваквата конфузија Џеред порано мислел дека нешто не е во ред, но откако се сместил во новата категорија му е сосема ок.
Режисерот на филмчето вели:
"Ова е релативно нова етикета. Пред 20-тина години ова немаше да биде земено во обзир но со денешната моќ на интернетот, луѓето се поврзуваат, меѓу нив и оние кои својата сексуално нен ја доживуваат црно - бело и на тој начин успеваат да создадат своја заедница околу новоизградената етикета".
Дотука добро. Нам ќе ни биде занимлив следнииот исчекор, кога некој ќе напише книга со наслов "50 нијанси грејсексуалост".
Тогаш да ве видиме.
Видевцето: