Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
45 мин.
Вкупно време:
60 мин.
Порции
20 лица
Состојки
- 300 гр. ореви мелени
- 200 гр. чоколадо за готвење мелено
- 2 ќесички ванилин шеќер
- 0.5 кг. кори за баклава
- филџан масло за попрскување на корите
- 1 маргарин
- 800 гр. шеќер
- 500 мл. вода
- 1 лимон
Подготовка
Во еден сад измешајте ги мелените ореви, рендано чоколадо и една ќесичка ванила.
Напрскајте една кора со масло и преклопете ја со уште една кора. Врз кората распоредете 3 лажици од чоколадната смеса. Замотајте ги корите во ролат. Повторете ја постапката со сите кори. Одприлика ќе добиете 10 ролати.
Наредете ги ролатите во правоаголно тавче и исечете ги на парчиња пред печењето. Растопете во тенџере на рингла маргарин и ќесичка ванила и истурете го врз баклавата. Печете ја 45 минути во загреана рерна на 170 степени.
Додека се пече подгответе го шербетот. Во тенџере зовријте ја водата со шеќер и сок од еден лимон. Истурете го шербетот врз испечената баклава и оставете ја да одстои неколку часови пред да ја послужите.
На здравје!