Пилешко

Пилешко со печурки

Пилешко со печурки во бел сос.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
45 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 2 лажици масло
  • 400гр. пилешки гради, исецкани на коцки
  • 1 главица кромид, исецкан
  • 2 парчиња сланина, исецкана
  • 250гр. шампињони, исецкани
  • 30гр. брашно
  • 1 лажица сенф
  • 200мл. пилешка супа од коцка
  • 100мл. хопла
  • 1 лажици сецкан магдонос

Подготовка

Загрејте масло во голема тава на силен оган. Пржете го пилешкото со мешање 5 минути додека да добие златно-жолта боја. Потоа профрлете го на чинија.
Во тавата додадете кромид и сланина. Пржете го 3-4 минути додека да омекне кромидот. Додадете ги печурките. Гответе ги со повремено мешање 2 минути. Додадете го сенфот и брашното. Промешајте и постепено додадете ја пилешката супа.
Кога смесата ќе зоврие вратете го пилешкото во тавата. Намалете ја јачината на ринглата и покријте ја тавата. Гответе го пилешкото 15 минути.
На крај во тенџерето додадете хопла и зачинете со сол и бибер. Гответе го без да зоврие уште 3 минути. Додадете магдонос и промешајте. Посужете го овој специјалитет веднаш.
На здравје!

22 август 2013 - 15:49