Ова ќе го помислите ако читате некои руски сајтови на кои беше пуштена оваа патка, вклучувајќи ја и тамошната популарна социјална мрежа Однокласники.
А вистината е дека Саша е непотребно вовлечена во пропагандната Киев/анти Киев војна и сега мора да се објаснува по Твитер дека нит се придружила на некоја страна ниту е убиена.
Приказната е дека извесна медицинска сестра по име Саша Серова била заробена од украинските војници кои бескрајно ја измалтретирале по што ја убиле и со секира ѝ го искапасипше телото. "Веродостојноста" на таквата верзија се засилува со податокот дека презимето Серова значи "сива" (Grey на англиски), објаснува Московски Тајмс
Пропагандната војна меѓу завојуваните страни во Украина главно се одвива на интернет на класичен начин: со безброј тролови кои ги бомбардираат мрежите со со фабрикувани стории кои потоа ги преземаат порталите.
Оваа приказна за Саша Греј убиена од Украинците очигледно звучи како намештаљка од про-рускиот пропаганден камп, но - и тоа не е точно.
Новинар на Global Voices објасни дека приказната за нејзината смрт всушност била фабрикувана од другата страна, со намера да се тестира и да се обелодени подложноста на манипулации на про-руската публика. Да се види колку непријателот е спремен да ја загриза очигледно нелогичната мамка. Во таквиот пропаганден тест на Украинците, покрај Саша Греј бил вклучен дури и озлогласениот и веќе покоен наци доктор Менгеле, со слично изманипулана приказна.
Во обата случаи, излудената од манипулации публика без никаков проблем поверувала на приказните а историјата на пропагандата доби уште еден доказ дека медиумските овци знаат да попушат повеќе и од професионалните порно ѕвезди.